19-%d1%81%d0%b2%d0%b5%d1%82%d1%81%d0%ba%d0%b8-%d0%b4%d0%b5%d0%bd-%d0%bd%d0%b0-%d1%84%d0%b8%d0%bb%d0%be%d0%b7%d0%be%d1%84%d0%b8%d1%98%d0%b0%d1%82%d0%b0

На 17-18 ноември 2022 год. ќе се одржи 19. одбележување на Светскиот ден на филозофијата во Свечената сала на Филозофскиот факултет. Централен настан ќе биде симпозиумот на тема: „СОВРЕМЕНИТЕ ПРЕДИЗВИЦИ НА ФИЛОЗОФИЈАТА И/НА НАУКАТА“ со учество на четиринаесет (14) истакнати филозофи, научници, истражувачи, поделени во три сесии (Мирко Ѓошевски, Љубомир Гајдов, Радомир Виденовиќ, Мартин Поповски, Бошко Караџов, Ана Димишковска, Сенка Анастасова, Игор Поп Трајков, Цане Мојаноски, Слободан Марковиќ, Данка Јовева, Марјан Болтевски, Верица Костова и Симо Георгиев).

Програмата предвидува и Мал концерт на студентите од Факултетот за музичка уметност, во класата на проф. м-р Дарко Багески; Обраќање на Заменик шефот на мисија и аташе за култура на Кралството Шпанија во Скопје, нашиот колега филозоф, Ернесто Хередеро дел Кампо, како и промоција на неколку филозофски публикации (списанија „Филозофска трибина“ 27 и 28, промотор: проф. д-р Мирко Ѓошевски; Зборник „Логос и Тропос“, промотор: вонр. проф. д-р о. Милан Ѓорѓевиќ; „Естетика: Естетички категории“ од проф. д-р Иван Џепароски, промотор: вонр. проф. д-р Вангел Ноневски).

ПРОГРАМА

Leave a Reply