МИС405И: Човекови права и глобална политика

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Меѓународни и интеркултурни студииIV3+16

Наставник: д–р Билјана Ванковска

Цели на предметната програма:

разбирање на меѓусебното влијание на националната политика, меѓународните односи и меѓународното право во создавањето, дисеминацијата и спроведувањето на нормите на човековите права; стекнување знаења за теориите, принципите и концептите поврзани со човековите права и нивната улога во глобалната политика. Развивање критичка перспектива за злоупотребата на човековите права како основа за меѓународни интервенции.

Содржина на предметната програма:

обем, структура и организација на режимите на човекови права; историја на борбата за граѓански и политички права за време на Студената војна; состојбата на економските, социјалните и културните права и влијанието на глобализацијата; извори и фактори на загрозување на човековите права (конфликти, урбанизација, миграции); инструменти на човековите права; стратегии за застапување на човековите права.

Литература:

1. David Chandler, From Kosovo to Kabul: Human Rights and International Intervention, Pluto Press 2011

2. Gene M. Lyons et al., International Human Rights in the 21st Century: Protecting the Rights of Groups, Rowman & Littlefield Publishers 2004

3. Simon Caney, Justice Beyond Borders: A Global Political Theory, Oxford University Press 2006

4. Стивен Грир, Европска конвенција за човекови права, Просветно дело 2009