Г501З/18: Читање старогрчки текстови
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Старогрчки јазик и античка книжевност | V | 2+4 | 6 |
Наставник: д–р Валериј Софрониевски
Цели на предметната програма:
Студентите да развијат вештини за толковно преведување и јазична анализа на старогрчки текстови.
Содржина на предметната програма:
Детално читање на автентични текстови од старогрчката литература, со воочување на специфичностите во стилот кај различните автори и фонетската, морфолошката и синтаксичката структура на одделни дела, препознавање архаизми, дијалектни форми и сл. Во текот на изведувањето на програмата се допираат и други теми, како техники и проблеми при преведувањето, етимологија, семантика, разни аспекти на историската граматика, ритам, компарирање на текстови и др.
Литература:
1. Smyth, Herbert, W. Greek Grammar, Cambridge, Harvard University Press 1956
2. Избор текстови што се определува на почетокот од семестарот.
3. Специјализирани речници, хрестоматии, коментари, преводи.