КА804И/18: Класична археологија 2

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Класична филологијаVIII4+26

Наставник: д–р Марјан Јованов

Цели на предметната програма:

Запознавање на студентите со: најзначајните археолошки остатоци во eтрурската и римската културна сфера од областа на архитектурата, сликарството и вајарството, погребните ритуали, предметите со утилитарен и ритуален карактер, хронолошката поделба на овие култури од нивните појави до пропаѓањето на Римската Империја и влијанијата на овие култури врз соседните народи.

Содржина на предметната програма:

Појава и развој на етрурската и римската култура. Потекло и развој на етрурската цивилизација, градови, гробници, керамопластика, сликарство и тореутика. Развој на римската култура, архитектонски остварувања, типови на градби, декоративна пластика и сликарство. Погребни форми и ритуси низ римскиот период, применето занаетчиство, керамичарство, златарство и стакларство.

Литература:

1. Otto Brendel, Etruscan Art, New York, 1995.

2. Pierre Grimal, Rimska civilizacija, Beograd, 1964.

3. J. Boardman, J.Grifin, O. Murray, The Oxford illustrated history of the Roman World, Oxford, 1986.

4. H. Keler, Rimsko carstvo, Novi Sad, 1970.

5. C. Amery, B. Curran, The lost world of Pompeii, Los Angeles, 2002.

6. J. P. Adam, Roman Building, London-New York, 2003.