К702З/18: Класична археологија 1
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Класична филологија | VII | 4+2 | 6 |
Наставник: д–р Марјан Јованов
Цели на предметната програма:
Запознавање на студентите со: најзначајните археолошки остатоци во хеленската културна сфера од областа на архитектурата, сликарството на вази и вајарството, погребните ритуали, предметите со утилитарен и ритуален карактер, хронолошката поделба на хеленската култура од крајот на бронзеното време до паѓањето под римска власт и влијанијата на оваа култура врз соседните народи.
Содржина на предметната програма:
Појава и развој на хеленската култура. Архитектонски остварувања, стилови и типови на градби, видови на керамички вази и нивната намена. Стилови и начини на декорација на садовите. Појава на скулптурата, развојни фази, карактеристики и најзначајни вајари. Светилиштата како културни центри. Хеленизмот како културен феномен, центри на хеленистичката уметност и најзначајни дела. Појава и развој на тореутиката и применетото занаетчиство, фунерарни ритуси и гробни конструкции.
Литература:
1. Pol Kartlidž, Kembridž Ilustrovana istorija Antičkе Grčkе, Stylos, Novi Sad, 2007.
2. F. Durando, Drevna Grčka, Zagreb, 1999.
3. J. Whitley, The Archaeology of Ancient Greece, Cambridge, 2004.
4. B. Gavela, Istorija umetnosti antičke Grčke, Beograd, 1969.
5. A. Cermanović Kuzmanović, Grčke slikane vaze, Beograd, 1977.
6. D. S. Kurtz, J. Boardman, Greek burial Customs, London, 1971.