СС803З/18: Советодавна работа со семејсвото

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Семејни студииVIII3+25

Наставник: д–р Софија Георгиевска

Цели на предметната програма:

Да се добијат продлабочени теоретски и практични знаења во областа на работа советодавната работа со семејство, да се воведат студентите во улогата на семејството и со основите на семејната терапија, советување, и системска семејна терапија, улогата на семејството и социотерапевтските клубови. Преку овој предметет, студентите ќе се стекнат со знаења и вештини кои ќе им овозможат да ја подобрат комуникацијата, ќе им помогнат да ги осознаат своите потреби и да најдат соодветен начин за нивна реализација, ќе научат како функционално да делуваат во семејни рамки и да ги надминат потешкотиите со своите блиски, ќе се оспособат адекватно да поставуваат и исполнуваат цели, ќе осознаат нови начини на конструктивно решавање на конфликт итн.

Содржина на предметната програма:

Начин на работа во семејната терапија – со една личност, со различни субсистеми-детски, родителски,родител-дете, со цело семејство или проширен семеен систем, било да се членовите физички присутни или семејниот терапевт истите да ги внесе во терапијата преку техники во враќање во минатото, одигрување улога празен стол и сл.

Советување при нарушено однесување, емоционални тешкотии, психосоматски нарушувања, брачни, психосексуални проблеми, анксиозни состојби, нарушување на расположението, психотични нарушувања, злоупотреба на алкохол и дрога. Работа на брачна – партнерска релација (Брачен конфликт, брачно неверство и сепарација и развод) Работа со потешкотии кои можат да се појават кај децата во предучилишна и училишна возраст (ноќни стравови, ноќно мокрење, училишни фобии, сепарациона анксиозност). Работа со потешкотии кои можат да се појават кај младите во адолесцентниот период (депресија, зголемена анксиозност, анорексија, булимија, злоупотреба на психоактивни супстанци, деликвентно однесување).

Литература:

1. Rudi Dalos, Ros Drejper, Sistemska porodična psihoterapija, Психополис, 2014

2. Ričard G. Erskin, Dženet P. Morsund, Integrativna psihoterapija na delu, Психополис 2016

3. Džej Hejli, Kako brak učiniti užasnim, Psihopolis, 2012