Р703З/18: Родот и културата
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Родови студии | VII | 3+2 | 6 |
Наставник: д–р Денко Скаловски
Цели на предметната програма:
Лоцирање на родовата проблематика во поширокиот контекст на културата/културите.
Содржина на предметната програма:
Поим на култура; Предмет и методи на културологијата; проблеми на културата; културата и човековата природа; митовите за културата; културата и религијата; културата и идеологијата; културата и личноста; Прашањето на родот во контекстот на културата; феминизмот како плурално идеолошко, политичко, културно и уметничко движење; либерален, марксистички и постмодерен феминизам; клучни теми на феминистичката култура: „невидливоста“ на жените; „женски“ истории; родовиот идентитет во современата култура; родовиот идентитет во масовната култура, информатизацијата и глобализацијата; жената во дигиталната цивилизација и култура; феминистичка уметност и естетика; родот во македонскиот и балканскиот културен простор.
Литература:
1. Вилијамс, Рејмонд, Културата, Култура, Скопје, 1996
2. Џордан, Глен, Културна политика: Класа, род, раса и постмодерниот свет, Темплум, Скопје, 1999-2000
3. Соколов, Е. В., Културологија, Просвета, Београд, 2001
4. Aнастасова, Сенка, Современа популарна култура, Центрифуга, Скопје, 2012
5. Вирилио, Паул, Сајберсвет, политика на најлошото, Еин-Соф: Алеф, Скопје, 2003