Р405И/18: Дефендологија
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Родови студии | IV | 2+2 | 6 |
Наставник: д–р Синиша Даскаловски
Цели на предметната програма:
Студентите да стекнат научни сознанија од областа на дефендологијата и да ги применат во остварување на одбранбениот систем на Република Македонија.
Содржина на предметната програма:
Концептот за мир во мировните студии (дефинирање, услови за мир, агенди за мир); Конфликти( поим, поделба и причини за појава на конфликти, промените во конфликтите, разрешување и трансформација); Новата ера во војувањето; Состојби, процеси и промени во меѓународната заедница на прагот на 21-от век (глобализација, мултиполаризација, колективни системи за безбедност и одбрана); Национална одбрана и безбедност (местото и улогата на граѓаните во системот на одбрана, државните инстиитуции и одбраната, моделот на воена организација со оптимални можности за одбрана на државата).
Литература:
1. Панев, Т., Гоцевски, Т., Даскаловски, С., Основи на дефендологијата, Филозофски факултет, Скопје, 2003
2. Даскаловски, С., Модели на воена организација, Филозофски факултет, Скопје, 2014
3. Бела книга на одбраната, Министерство за одбрана, 2012
4. The IISS, The Military Balance, Routledge, 2016
5. Долгорочен план за развој на одбраната 2014-2023, Министерство за одбрана, 2014
6. Закон за одбрана на Р. Македонија, прочистен текст, Министерство за одбрана, 2017