Р104И/18: Вовед во академски стилови

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Родови студииI2+26

Наставник: д–р Владимир Давчев

Цели на предметната програма:

Различни академски дисциплини се користат со различни стилови на документирање во академските текстови. Целта на овој предмет е да го запознае студентот со стиловите кои се употребуваат во академската заедница, да ги разбере и научи стиловите на документирање што се користи во еден академски текст и доследно да ги применува.

Содржина на предметната програма:

Видови академски стилови (Harvard, APA, MLA, University of Chicago). Академскиот стил како стандарден пристап за наведување (цитирање) на изворите кои авторот на еден академски труд ги консултирал, ги употребил во текстот или ги цитирал. Плагијаторство (современи предизвици пред кои е исправена академската чесност – copy/paste култура). Пропишани методите и техниките за цитирање на референци (извори) во рамките на текстот според одредени стилови (Harvard, APA, MLA, University of Chicago). Креирање на листа на цитирани дела на крајот од текстот (литература, користена литература) согласно стиловите (Harvard, APA, MLA, University of Chicago). Употреба на современи техники за пребарување на извори (интернет пребарување, генератори за наведување и цитирање…)

Литература:

1. Ефремовски, Иван, Академско пишување: од идеја до дело, МСЦП, 2016

2. Hayot, Eric, The Elements of Academic Style: Writing for the Humanities, Columbia University Press, 2014

3. APA, Publication Manual of the American Psychological Association, Sixth edition of the APA Publication Manual, 2010