д–р Владимир Давчев

Редовен професор

Владимир Давчев е роден на 3 ноември 1962 година во Скопје. Основно училиште и гимназија завршил во родниот град. По завршувањето на гимназијата, се запишува на Филозофскиот факултет во Скопје на групата за филозофија. Студиите по филозофија успешно ги завршува со дипломирањето во јуни 1987 година, со просечен успех 9. 38.

На 25.05.1988 година, Наставно-научниот совет на Филозофски факултет во Скопје ја потврдува одлуката за избор на Давчев Владимир во звањето помлад асистент по предметот Основи на марксизмот на Институтот за марксизам, со што стапува во работен однос на овој факултет. Во текот на истата година се запишува на последипломските студии на Институт за филозофија и истите ги завршува со просечен успех 9.00. Работните обврски на Филозофскиот факултет во Скопје, во почетокот, ги извршува како помлад асистент по предметот Основи на марксизмот, а по трансформирањето на овој предмет станува помлад асистент на предметот Филозофија на техниката на Катедрата за хуманистички студии.

Со степенот магистер по филозофски науки Владимир Давчев се здоби во 1994 година на Филозофскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, со успешната одбрана на темата – „Однос ‘дух-тело’ во модерната аналитичка филозофија”, а степенот доктор по филозофски науки го стекнува во 2000 година на истиот факултет, со одбрана на докторската теза: „Свеста и аналитичката филозофија: Анализа на сфаќањето на поимот свест кај Бертранд Расел, Гилберт Рајл и Даниел Денет”.

Во 2001 година е избран во научното звање доцент. Автор е на четириесетина објавени трудови (студии и критички осврти, книги) од областа на филозофските науки.

Д-р Владимир Б. Давчев беше претседател на Филозофското друштво на Македонија во периодот од 2003 до 2007 година. Член на редакцијата на списанието Филозофија во 2006. Долгогодишен член на Редакцискиот одбор на Годишниот зборник на Филозофскиот факултет во Скопје, а во периодот 2003-2005 г. и заменик на претседателот на Редакцискиот одбор на Годишниот зборник. Назначен е за претседател на Редакцискиот одбор на Годишниот зборник на Филозофскиот факултет во Скопје во периодот 2008-2011 година. Бил член на советодавниот борд на проектот „Другиот во наставните содржини на високото образование“ инициран од Фондацијата Институт отворено општество – Македонија и член на уредувачкиот одбор на публикацијата „Истражувајќи ја другоста – Аспекти на другоста од перспектива на одделни дисциплини во високото образование во Република Македонија“.

Работи како редовен професор на Институтот за родови студии на Филозофскиот факултет во Скопје. Го зборува англискиот јазик.

Истражувачки интереси: Филозофија на духот; когнитивна филозофија; вештачка интелигенција и нејзиното општествено влијание; мажественоста во современата цивилизација.

Проф. д–р Владимир Давчев изведува настава и вежби по предметите:

На вториот циклус студии:
  • 1

    [РС104] Современи теории за мажественоста

  • 2

    [РС106] Технологијата и родот

  • 3

    [РС111] Историја на родови релации

  • 4

    [ФИ211И/18] Кибер културата и техно-фемнизмот

На третиот циклус студии:
  • 1

    [ФИФ110] Аналитичка филозофија

  • 2

    [ФЗФ4] Методологија на научноистражувачката работа во подрачјето на хуманистичките науки [од полето филозофија]

  • 3

    [ФЗФ13] Создавање на научно дело



Библиографија

Книги:

Давчев, Владимир. Аналитичката филозофија и дух тело интеракцијата. АЗ-БУКИ, 2010.

Давчев, Владимир. Свеста и аналитичката филозофија.АЗ-БУКИ, 2003.

Статии:

Davchev, Vladimir. “Empowering Gender Equality at State Universities in the Republic of Macedonia”. Empowering Women Through Higher Education, 18 – 19 April, Kingdom of Bahrain, Royal University for Women, 2018.

Давчев, Владимир. „Животот помеѓу технофобијата и апсурдот: Ќе станам ли технофоб?“, Годишен зборник на Филозофскиот факултет во Скопје, vol.60, 2007.

Давчев, Владимир. „Емергентниот материјализам на Чарли Данбар Брод“, Годишен зборник на Филозофскиот факултет во Скопје, vol.59, 2006.

Давчев, Владимир. „Свеста, филозофијата и вештачката интелигенција“. Годишен зборник на Филозофскиот факултет во Скопје, vol.58, 2005.

Давчев, Владимир. „Лок за толеранцијата“. Филозофија, бр.4, 2005, стр.73-77.

Давчев, Владимир. „Techбрlogical Civilization – Civilization of Existential Absurdity“. Яазик славянской културы. 2004, стр. 148-167.

Давчев, Владимир. „Берклиевата метафизика и современата теорија за свеста“. Филозофија, бр.6, 2003, стр. 39-47.

Давчев, Владимир. „Можеме ли да го надминеме дух-тело дуализмот? “. Филозофија, бр.5, 2003, стр. 101-110.

Давчев, Владимир. „Хуманистичко образование, не благодарам“. Културен живот. бр.1, 2003, стр.107-108.

Давчев, Владимир. „Свеста и самосвеста во античката филозофија (Аристотеловото сфаќање на свеста)“. Филозофија, бр.4, 2002, стр.35-46.

Давчев, Владимир. „Дали умот и телото се исти нешта?“. Годишен зборник на Филозофскиот факултет во Скопје, vol.55, 2002, стр. 255-271.

Давчев, Владимир. „Технолошката цивилизација- цивилизација на егзистенцијален апсурд“. Културен живот, бр. 3-4,2001, стр. 34-44.

Давчев, Владимир. „Дали глобализацијата значи хуманизација“. Културен живот, бр.2, 2001, стр.16-25.

Давчев, Владимир. „Cogito ergo sum – филозофски мит или стварност“. Културен живот, бр.2, 2000, стр.19-28.

Давчев, Владимир. „Медитации за духот и телото“. Маргина, бр.3, 1997, стр. 41-49.

Давчев, Владимир. „Киберпросторот и демократијата – алка што недостигаше“. Културен живот, бр.1, 1997, стр. 33-39.

Давчев, Владимир. „Основни елементи на логичкиот бихејвиоризам на Гилберт Рајл“. Филозофска трибина, бр. 13, 1997, стр. 33-47.

Давчев, Владимир. „Декарт и проблемот на интеракцијата на духот и телото“. Филозофска трибина, бр. 11/12, 1996, стр. 83-97.