ПКБ502З/18: Кризен менаџмент
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Приватна и корпоративна безбедност | V | 3+2 | 7,5 |
Наставник: д–р Марина Митревска
Цели на предметната програма:
Преглед на базичните концепти и прашања за кризен менаџмент. Преку разбирање на теориската рамка и примената на овој концепт, студентите треба да се оспособат да ги анализираат и да дискутираат за организациско-функционална поставеност на системот за управување со кризи на национално ниво и улогата на приватна и корпоративна безбедност во услови на криза.
Содржина на предметната програма:
Кризен менаџмент: теориски основи; криза и кризна ситуација; анатомија на криза и фактори за проценување на ескалација на кризата. Современи аспекти на кризниот менаџмент: задачи, планирање, управување и стратегии за справување со кризите. Европски кризен менаџмент: компаративни предности. ЕУ: развој на Заедничка европска безбедносна и одбранбена политика Европска безбедносна стратегија, Имплементација на ЕБОП (воен кризен менаџмент и цивилен кризен менаџмент, фази на управување со кризи), мисии и операции на ЕУ. НАТО: новиот стратегиски концепт и кризен менаџмент, алтернативни стратегии, критериуми на ризик, цели на кризниот менаџмент на НАТО, управување со кризи во ситемот на НАТО, активности на кризен менаџмент на Партнерството за мир. ОБСЕ: основни цели и принципи на ОБСЕ, потреба од кризен менаџмент на ОБСЕ. ООН: основни цели и начела на ООН, системот за кризен менаџмент на ООН, нови партнерства и нови лекции. Способностите и капацитетите на Р. Македонија за справување со кризи: систем за кризен менаџмент; организација, функционирање, спречување на настанување (превенција) и рано предупредување, одлучување, употреба на ресурси, комуникација, коодинација, планирање и финансирање. Профилирање на улогата на приватната безбедност во услови на криза. Спектар на услуги и области на делување на приватната и корпоративна безбедност во услови на криза..
Литература:
1. Марина Митревска, Кризен менаџмент, Филозофски факултет, 2015
2. Boin Arjen, The Politics of Crisis Management, Cambridge University Press, 2010
3. Mikac Robert, Suvremena sigurnost i private sigurnosne kompanije, Naklada Jesenski i Turk, 2013