М704И/18: Хуманитарни интервенции

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Безбедност, одбрана и мирVII3+16

Наставник: д–р Марина Митревска

Цели на предметната програма:

Студентите да стекнат научни сознанија и да се оспособат да ја осознаат улогата и целите на хуманитарните интервенции во одржувањето на мирот и безбедноста.

Содржина на предметната програма:

1. Главни прашања на хуманитарната: што е хуманитарна интервенција.

2. Заштита на универзалните човекови права и основни слободи и хуманитарната интервенција.

3. Принципи и техники за планирање и изведување на хуманитарните интервенции; дестабилизирачки ефекти на интервенцијата: примена на стопански санкции, невоена интервенција или воена интервенција.

4. Типови операции за зачувување на мирот: Хуманитарна помош и Хуманитарна интервенција.

5. Процедури за воспоставување на хуманитарни операции.

6. Студија на случај – мировна операција Хуманитарна помош и Хуманитарни интервенции.

7. ООН и чувањето на мирот и безбедноста: развој на безбедносни механизми и инструменти за хуманитарна интервенција.

Литература:

1. Марина Митревска, Превентивна дипломатија и мировни операции, Филозофски факултет, 2015