М604И/18: Институции на европската унија

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Безбедност, одбрана и мирVI3+16

Наставник: д–р Билјана Ванковска

Цели на предметната програма:

Студентите стекнуваат знаења за историјатот, институциите и политиките на Европската Унија. Подеднакво внимание се посветува на практичните аспекти на градењето на европскиот идентитет, политичкиот и правниот систем, и особено критериумите и проблемите на асоцирањето на Република Македонија во Унијата.

Содржина на предметната програма:

Историја на европската идеја и развојот на институциите на ЕУ; карактерот на ЕУ како политички систем и како меѓународна организација; институционално-функционална поставеност на ЕУ; државните и наддржавните идентитети во Европа; процесот на проширување на ЕУ; основи на европското право; партиципацијата и граѓанското општество во ЕУ.

Литература:

1. Билјана Ванковска, Европски политички институции: до Лисабон и по него, Филозофски факултет, Скопје 2010

2. Т. Каракамишева – В. Ефремова, Поимник на терминологијата на Европската унија,ГТЗ, Скопје, 2009

3. Симон Хикс, Политички систем ЕУ, Службени гласник, Беoград, 2007

4. Клаус-Дитер Боршарт, АБВ на правото на ЕУ, Европска унија, 2010