О801З/18: Управување и лидерство

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Безбедност, одбрана и мирVIII4+26

Наставник: д–р Зоран Нацев

Цели на предметната програма:

Студентите да стекнат општо теоретски знаења од областа на управувањето и раководењето како процес на насочување на поединци, организациски делови и на системот за одбрана на Р. Македонија и да развијат способности за нивна практична примена во остварувањето на функциите на системот.

Содржина на предметната програма:

Теоретски основи на лидерство, менаџмент, раководење и управување; Основни фактори и проблеми на современото раководење; Методи, модели и системи на раководењето; Процес на раководењето со одбраната; Функции на раководењето, планирање, организирање, координација и контрола; Раководење со цивилната одбрана; Раководење и командување со АРМ; Раководење со системот на одбрана во услови на криза и војна; Суштина на лидерство; Квалитети и техники на лидерите и лидерството; Лидерски модел за потребите на раководењето со одбраната на Р. Македонија.

Литература:

1. Зоран Нацев, Управување со системот за одбрана на Р. Македонија, Графоуслуга, 2013

2. Алекса Стаменковски, Менаџмент со одбраната, НИП Ѓурѓа, 2004

3. Смит Пери, Преземање одговорностпрактичен водич за раководители, МО на РМ, 2004