Б603И/18: Глобален тероризам

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Безбедност, одбрана и мирVI3+16

Наставник: д–р Тања Милошевска

Цели на предметната програма:

Студентите да ги совладаат основните категории на тероризмот и да ги проучат причините за тероризмот, историскиот и контекстуален развој на тероризам, видовите на тероризам, терористички акти и форми на тероризам. Цел на предметната програма е анализа на тековните и идните модели на терористичките организации (хиарархиски и мрежни) кои го подобруваат сфаќањето за дејствувањето на тероризмот во современото опкружување. Студентите да стекнат знаења за стратегиите и политиките за спротивставување/сузбивање на тероризмот преку имплементација на основните модели (контратерористичкиот модел и евалуација на моделот на мрежно војување), односно глобалното анти-терористичко вмрежување.

Содржина на предметната програма:

Историски преглед на појавата на тероризмот и дефиниции за тероризмот. Видови на тероризам. Основни белези на природата на тероризмот.Организациски модели на тероризмот. Реконцепција на тероризмот како безбедносна закана. Мрежно функционирање на терористичките организации. Современ меѓународен тероризам: Ал Каеда, Исламска држава. Причини за соработка и поврзаност помеѓу тероризмот и транснационалниот организиран криминал. Комерцијален тероризам. Концептот на нарко-тероризам. Стратегии за борба со тероризмот. Анализа на глобалниот терористички индекс. Криминално-терористичка поврзаност како теоретски модел и иден концепт на безбедноста во 21 век.

Литература:

1. Тања Милошевска, Модели на поврзаност на тероризмот и на транснационалниот организиран криминал, Филозофски факултет, Скопје, 2016

2. Одри К. Кронин, Џејмс М. Лудс, Напад на тероризмотелементи на грандиозна стратегија, Georgetown University Press, 2009

3. Gary LaFree, Laura Dugan and Erin Miller, Putting terrorism in contextLessons from the global terrorism database, Routledge, 2015.