БОМ403З/18: Политичка географија и геополитика

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Безбедност, одбрана и мирIV3+26

Наставник: д–р Тони Милески

Цели на предметната програма:

Основната цел на предметната програма е студентите да се запознаат со современите политичко-географски и геополитички трендови во меѓународните односи, како и да се оспособат за критичко анализирање на одредени појави и процеси. Осознавање на поврзаноста на територијата и нејзините квалитативни и квантитативни карактеристики со политичките појави и процеси. Студентите треба да стекнат увид во апликативните можности на политичко-географските и геополитичките истражувања во креирањето на безбедносната политика на државите, како и нивната севкупна надворешна политика.

Содржина на предметната програма:

1. Поимно определување на политичката географија и геополитика. Основни дефиниции, предмет на проучување и цели и задачи на политичката географија, предмет на проучување и методолошки модели на геополитиката и нејзини цели и задачи. 2. Генеза на политичко-географските и геополитичките погледи. Почетоци на политичко-географските и геополитички погледи, Преглед на развојот на политичката географија и геополитика во Германија, Франција, Велика Британија, САД и Русија, Историски развој на геополитиката во 20 век. 3. Политичко-географска структура на државата. Територијална држава, концептот на нација, држава и национална држава, како се создаваат државите?, модерни теории за постанокот на државите. 4. Територијата во политичко-географската и геополитичка теорија и практика. Поим за територија и државна територија, еволуција на дебатите за значењето на територијата во политичко-географските и геополитичките истражувања, структура на државните територии,територијални претензии – видови и мотиви, генеза и причини на територијалните спорови, основи за решавање на територијалните спорови, трговии со територии. 5. Суверенитетот како политичко-географско и геополитичко прашање. Поим за суверенитет и територијален државен суверенитет, појава на суверени држави, внатрешен и надворешен суверенитет, правен и реален суверенитет, територија со нецелосен државен суверенитет, самопрогласени држави без меѓународно признавање, територии со специјален политички статус, суверенитетот во современиот политичко-географски и геополитички контекст, ограничување на суверенитетот. 6. Политичко-географско и геополитичко значење на државните граници. Граници на државата, концепти за границата, класификација на границите, функции на политичките граници. 7. Светски геополитички поредок: Поим и глобални актери. Светски геополитички поредок, геополитички поредок според Питер Тејлор, концепт на геополитички поредок според Џ. Агне и С. Корбриџ, концепт на геополитичка еволуција на Сол Б. Коен, нов светски геополитички поредок: претпоставки и предуслови за негово појавување и равој, перспективите на светскиот геополитички поредок, глобални државни актери и нивното влијание на светскиот геополитички поредок, геополитички тријаголник: САД – Русија – Кина. 8. Политичко-географскиот процес како детерминанта во формирањето на политичката карта.

Литература:

1. Тони Милески, Политичка географија и геополитика, Филозофски факултет, 2015

2. Mark Blacksell, Political geography, Routledge, 2006

3. Carolyn Gallaher et al., Key Concepts In Political Geography, SAGE Publications, 2009

4. Klaus Dodds, Geopolitics – A Very Short Introduction, Oxford University Press, 2007