БОМ206И/18: Филозофија
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Безбедност, одбрана и мир | II | 3+2 | 6 |
Наставник: д–р Бранислав Саркањац
Цели на предметната програма:
Да се добијат продлабочени сознанија за основните филозофски проблеми и за најзначајните филозофски идеи во западноевропската филозофија, да се развијат способности за споредување на историски различни филозофски концепти, да се развие способност да се интерпретираат, анализираат и оценуваат автентичните филозофски текстови и притоа соодветно да се користи секундарната литература, да се зајакне сопствената филозофска мисла преку комуникација со идеите на филозофите, во форма на писмено изложување и/или вербална аргументација.
Содржина на предметната програма:
Основни проблеми на филозофијата, правци и дисциплини на филозофијата, односот на филозофијата и другите науки, односот на филозофијата со психологијата; античка, хеленистичко-римска филозофија, средновековна, византиска, нововековна и современа филозофија.
Литература:
1. Јосифовски, Ј., Филозофија, Скопје: Просветно дело, 1994
2. Мухиќ, Ф., Потомци на боговите, Скопје: Табернакул, 2005
3. Мухиќ, Ф., Смислата и доблеста, Битола: Киро Дандаро, 2002
4. Георгиева, В., Византиска филозофија, Скопје: Табернакул, 2001
5. Бекон, Ф., Нов Органон, Скопје: Аз-Буки, 2006
6. Мухиќ, Ф., З. Жоглев, Мислење во акција, Битола: Киро Дандаро, 2002
7. Ниче, Ф., Така зборуваше Заратустра, Скопје: Македонска книга, Култура, Наша
книга, Комунист, Мисла, 1978
8. Платон, Гозба Скопје: Матица македонска, 2003