БОМ203З/18: Хумана безбедност

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Безбедност, одбрана и мирII3+26

Наставник: д–р Марина Митревска

Цели на предметната програма:

Цели на предметната програма (компетенции): Стекнување на знаења за базичните концепти и прашања за развој на концептот за хумана безбедност. Преку следење на историскиот развој, теориската рамка и институционални решенија и примена на овој концепт, целта е оспособување на студентите да ги анализираат и да дискутираат за современите пристапи за развој на концептот за хумана безбедност.

Содржина на предметната програма:

Концепциски пристап кон развој на хуманата безбедност во современите меѓународни односи и хуманизирање на општеството. Основи на концептот за хумана безбедност: генеза на идејата за хумана безбедност; дефиниции за хумана безбедност; теориски одговор на досегашното сфаќање за хуманата безбедност; препознавањена хуманата димензија на општеството, развој и хуманизирање на општеството; имплементација на хуманата безбедност и Европска доктрина за хумана безбедност. Пристапот на ООН кон хуман развој на општеството;УНДП-програма за развој на општествата; УНДП и Хуманата безбедност. Предизвици и перспективи за концептот на хумана безбедност во Македонија. Човековата безбедност и развој. Регионална комплексност како рамка за концептуализација и практикување на човековата безбедност. Хуманизирање на општеството преку регионални и локалните перспективи.

Литература:

1. Марина Митревска, Хумана безбедност, Филозофски факултет, 2012

2. Mery Kaldor, What is Human Security?, 2005