БОМ202З/18: Основи на безбедносен менаџмент

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Безбедност, одбрана и мирII3+26

Наставник: д–р Оливер Бакрески

Цели на предметната програма:

Да се добијат научни и продлабочени сознанија за менаџментот и особено спецификите на безбедносниот менаџмент со неопходните критички способности за изучување на работата и спецификите на менаџирањето на безбедносните институции, како и развивање на способности за раководење, координирање и менаџирање.

Содржина на предметната програма:

Теоретски основи на менаџментот; општо за менаџмент, зошто се изучува менаџментот, функции и нивоа на менаџментот, менаџерски вештини и улоги, основни теории за менаџментот, основи на безбедносниот менаџмент, поим, цели и задачи на безбедносниот менаџмент, принципи на безбедносен менаџмент, улога на менаџерот во безбедносниот сектор, способности на менаџерот за раководење на безбедносниот сектор, одговорноста на менаџерот на безбедносниот сектор, успешност на менаџерот во безбедносниот сектор, функции на безбедносниот менаџмент (планирање, организирање, раководење, одлучување, координација, мотивација, контрола).

Литература:

1. Бакрески Оливер, Основи на безбедносниот менаџмент, Филозофски факултет и Аутопринт, Скопје, 2011

2. Dragišić Zoran, Bezbednosni menadžment, Službeni glasnik i Fakultet bezbednosti, Beograd, 2007

3. Brian R. Johnson, Principles of Security Management, Pearson, Prentice Hall, 2004