д–р Рина Киркова Танеска

Редовен професор

Рина Киркова е родена во Скопје каде го завршува основното и средното образование. Во 2000 година дипломирала на Правниот факултет во Скопје. Истата година се запишала на последипомски политички студии за Југоисточна Eвропа на националниот Универзитет Каподистријан во Атина кои успешно ги завршува со одбрана на магистерски труд под наслов: „Улогата на Европската Унија во процесот на демократизација на Република Македонија“. Од април 2002 година работи како асистент на Институтот за одбранбени и мировни студии при Филозофскиот факултет во Скопје со ангажман за изведување на вежбите по предметите: одбранбено право и политички систем. Од учебната 2004/05 година, со воведување на европскиот кредит трансвер систен на Филозофскиот факултот, а воедно и на Институтот за одбранбени и мировни студии, нејзиниот ангажман се зголемува и проширува во насока на изведување вежби по новите научни дисциплини промовирани со новата студиска програма. Киркова ги изведуваше вежбите, консултациите и останатите активности по предметите: политички систем, меѓународни односи, европски политички институции, меѓународни организации, меѓународна безбедност, меѓународно право на вооружени конфликти и правото и мирот во соработка и под супервизија на проф. д-р Билјана Ванковска. Во јуни 2004 година успешно ги завршува последипломските студии по Меѓународно право и политика на Правниот факултет во Скопје со одбрана на магистерски труд под наслов: Правно политичките насоки за развојот на статусот на Косово и влијанието врз безбедноста на Република Македонија, по што се стекна со академскиот степен магистер на правни науки.

Во октомври 2005 година д-р Киркова пријавила докторска дисертација на тема „Редефинирање на трансатлантските односи во рамките на Северноатлантската алијанса“ на Правниот факултет во Скопје. Четири години подоцна, во ноември 2009 година, успешно ја одбранува докторската дисертација со што се стекнува со научно звање доктор по Меѓународно право и меѓународни односи. Во април 2010 година на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј “ во Скопје е избрана во наставното звање доцент во следниве научни области: меѓународно јавно право, меѓународни односи и историја на дипломатија и политички систем. Од јануари 2015 година е избрана за вонреден професор на Филозофскиот факултет во истите научни области, а од октомври 2019 година е избрана за редовен професор.

Во своето повеќегодишно истражувачко работно искуство работела на бројни проекти со научноистражувачката институција Евро-Балкан од Скопје, на конференции и семинари во организација на Институтот за безбедност, одбрана и мир, како и на други научно истражувачки проекти.

Посетувала курсеви и семинари и остварила студиски престои на универзитети во Грција, Англија, Словачка, Шведска и Ирска. Раководител е на постипломските студии од втор циклус по Меѓународни односи – разрешување конфликти, дипломатија и глобално управување. Со мандатен период 2020-2023 ја извршува должноста сенатор од Филозофски факултет при Сенатот на УКИМ. Го зборува англискиот јазик.

Истражувачки интереси: трансатлантски односи, колективни безбедносни системи, системи на меѓународни односи, меѓународен интервенционизам.

Проф. д–р Рина Киркова Танеска изведува настава и вежби по предметите:

На вториот циклус студии:
  • 1

    [МОК 1013] Теории на меѓународни односи

  • 2

    [МОК 2213] Анализа на надворешна политика



Библиографија

Монографии

International relations and conflict resolution, UNESCO Chair in Intercultural education and research, Faculty of philosophy, Skopje, 2016 ISBN 978-608-238-097-1 (co-author)

Реформи во одбраната, Министерство за одбрана, Скопје 2015, ISBN 978-9989-2851-5-8 (коавтор)

Каква иднина има НАТО, Филозофски факултет, 2010, Скопје

Статусот на Косово меѓу минатото и иднината, Македонска ризница, Куманово, 2004

Научни и стручни трудови

„The concepts of hybrid treats“, International Journal, Scientific Papers, VOL 28/6, Institute of knowledge management, Skopje, December 2018, ISSN: 1857-923X

„Military Responses to the Global Migrant Crisis“, Security Dialogues, Vol 9. No.2, Faculty of Philosophy, Skopje, 2018, ISSN: 1857-7172

„The Study of Things Military in the Republic of Macedonia (1991–2015): Flying in Place“, The Journal of Slavic Military Studies, Vol. 30 No.3, Routledge Taylor and Francis group, 25 Jul 2017, (382-398) ISSN: 1351-8046

„NATO approach to the process of cooperation and partnership: evolution and key objectives“, Contemporary Macedonian defence, Vol 17. No.32, Ministry of Defence of the Republic of Macedonia, Skopje, June 2017, (9-19) ISSN: 1409-8199

„Slovenian contribution to NATO- Led operations”, Contemporary Macedonian defence, Vol 16. No.30, Ministry of Defence of the Republic of Macedonia, Skopje, June 2016, (53-63) ISSN: 1409-8199

“European reform package on data protection – legal framework and expectations”, Contemporary Macedonian defence, Vol 16. No.31, Ministry of Defence of the Republic of Macedonia, Skopje, December 2016, (79-91) ISSN: 1409-8199

„The Islamic state as a global challenge to the International peace and Security“, International scientific conference „Researching security: Approaches, concepts and Policies“, 2-3 June 2015, Vol. IV, Skopje (276-285) ISBN 978-608-4532-76-7

„The Second Global Bipolarity or Bi-multipolarity”, Security Dialogues, Vol 6. No.2-1, Faculty of Philosophy, Skopje, 2015, (351-375) ISSN: 1857-7172

„The Islamic schism and its influence on international security“, International yearbook, Faculty of security, 2014, Skopje (44-52) ISSN: 1857-6508

The Interest of the States for Membership in International Organizations – Case of Macedonian Interest for Membership in NATO – paper present on 5th annual conference of The International Society of Military Sciences (12-14 November Cobenhagen)

The Success of Democratization in Post Arab Spring Societies – paper presented at 8th International Academic Conference (IISES, Naples, Italy, September 2013)

Two years after Arab spring – on long road to democracy -, Security in the post-conflict Balkans, Vol. I International Scientific conference, Faculty of security, Skopje, 2013

Homegrown terrorism – new challenge for the security sector of the Republic of Macedonia – Security Sector Reforms in the Republic of Macedonia and Their Impact on Crime Curbing, International Scientific conference, European University , Skopje, 2012 —

Легитимноста на употребата на сила во случајот Либија, Безбедносни дијалози, број 4, Филозофки факултет, Скопје, 2012

Democratization as a mechanism in prevention of asymmetrical security threats – Security in the post-conflict Balkans, Vol. I International Scientific conference, Faculty of security, Skopje, 2011

The Republic of Macedonia and the European Union – Scientific conference, Fakultet za pravne i poslovne studije, Novi Sad, Serbia, 2010