Д802З/18: Професионална ориентација и оспособување

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Специјална едукација и рехабилитацијаVIII2+26

Наставник: д–р Наташа Станојковска Трајковска

Цели на предметната програма:

Стекнување на научни и продлабочени сознанија за професионалната ориентација на лицата со пречки во развојот, нивното работно оспособување и формите на оспособување за работа, како и вработувањето на овие лица, законските основи и формите на вработување.

Содржина на предметната програма:

Лица со инвалидност. Заштита и рехабилитација на лицата со инвалидност: поим, дефиниција, цел, услови и принципи на рехабилитацијата. Задачи и методи на рехабилитацијата. Професионална ориентација: цел и задачи. Процесот и проблемите во ориентацијата. Современиот статус на професионалната ориентација. Работно оспособување: дефиниција, принципи, методи и форми. Организација на работното оспособување според видот и степенот на попреченост. Вработување: меѓународни искуства. Законската основа на вработувањето во Република Македонија: вработување во заштитни друштва. Поддржано вработување

Литература:

1. Петров, Р., Лица со инвалидност: професионална ориентација, оспособување и вработување, Филозофски факултет, Скопје, 2007

2. Заедница на заштитни друштва на Македонија, Преглед на прописи кои го регулираат работењето на заштитните трговски друштва и вработувањето на инвалидни лица во Р. Македонија, Заедница на заштитни друштва на Македонија, 2016

3. Radić-Šestić, M, Profesionalno i radno osposobljavanje osoba sa intelektualnom ometanošću, Fakultet za specijalnu edukaciju i rehabilitaciju, Beograd, 2015