Д607И/18: Етика
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Специјална едукација и рехабилитација | VI | 2+1 | 6 |
Наставник: д-р Дејан Донев
Цели на предметната програма:
Да ги упати студентите во основните етички категории и вредности; да го помогне нивното разбирање на односот помеѓу етичката теорија, етичките принципи и професионалната работа; да ја поттикнува и развива нивната морална свест и професионална одговорност; да развие способности за примена на етичките принципи и стандарди во доменот на профeсијата.
Содржина на предметната програма:
Eтика и морал. Основни форми на манифестација на моралот: морални вредности и норми; морална свест и совест. Основни етички категории: добро и зло. Етичко вреднување на постапките (телеолошка, деонтолошка, утилитаристичка и феминистичка етика). Вредности: лични, професионални и општествени вредности. Идентификување на етичките прашања и дилеми во секојдневната пракса: конфликтот меѓу индивидуалните и професионалните вредности. Последици од неетички одлуки. Професионална, етичка и општествена одговорност..
Литература:
1. Симоновска, С., Скаловски, Д., Етиката и родот, Скопје: Филозофски факултет, 2012
2. Мекинтаир, А., Кратка историја на етиката, Скопје: Аз-буки, 2004
3. Стоилковска, А., Деловска, Б., Деловна етика и општествена одговорност, Скопје: Универзитет за туризам и менанџмент, 2010
4. Скаловски, Д., Етика на одговорноста, Скопје: Бигосс, 2005