Д604И/18: Домска воспитно-образовна работа

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Специјална едукација и рехабилитацијаVI2+26

Наставник: д–р Наташа Станојковска-Трајковска

Цели на предметната програма:

Студентите да се запознаат со современите воспитни домови кои претставуваат заедници со цел на учениците да им овозможат побогат и сестран живот, сместување, исхрана, грижа за здравјето, спортски, рекреативни и други активности. Запознавање со теоретските и практичните апликативни сознанија и можности за домската воспитно-образовна работа во современите услови на живеење.

Содржина на предметната програма:

Местото и улогата на ученичките домови во системот на воспитанието и образованието.

Организација на воспитната работа во домови и интернати за ученици со посебни образовни потреби. Организација на воспитно-образовната работа со ученици со посебни образовни потреби во услови на продолжен престој во училиштата.

Литература:

1. Петров, Р., Ѓурчиновска, Л., Станојковска Н., Рамо, Н., Домска воспитно-образовна работа, Филозофски факултет, Скопје, 2009

2. Костова, М., Методика на воспитна работа, Филозофски факултет, Скопје, 2004

3. Бараковска, А., Педагогија, Филозофски факултет, Скопје, 2007

4. Jasmina Kovačević, Vaspitni rad u domovima/internatima za gluve i nagluve, Fakultet za specijalnu edukaciju i rehabilitaciju, Beograd, 2015