Д602З/18: Методика на работа со ученици со лесна интелектуална попреченост

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Специјална едукација и рехабилитацијаVI2+36

Наставник: д-р Наташа Чичевска-Јованова

Цели на предметната програма:

Студентите да стекнат најсовремени знаења од областа на методиката на работа со ученици со лесна интелектуална попреченост, и да развијат способности за нивна практична примена во процесот на едукација на ученици со лесна интелектуална попреченост.

Содржина на предметната програма:

Вовед во методиката на работа со ученици со лесна интелектуална попреченост: предмет, цели и задачи; Историски развој на посебното образование за ученици со лесна интелектуална попреченост во светот и кај нас. Современа поставеност на посебното образование за ученици со ЛИП; Наставен план и програма; Фактори што го отежнуваат реализирањето на програмските содржини за учениците со посебни образовни потреби; Диференцијација и индивидуализација во наставата; Изработка на индивидуален образовен план (ИОП) за ученици со интелектуална попреченост; Наставни методи; Ресурси за учење; Класификација на ресурсите за учење; Примена на асистивна технологија во наставата со ученици со ЛИП; Проценување и оценување на постигнувањата и напредокот на учениците со лесна интелектуална попреченост; Ефективни стратегии за вклучување на родителите во процесот на едукација на децата со интелектуална попреченост; Програмски содржини од посебните методики: македонски јазик, математика, запознавање на околината, географија, историја, музичко образование, физичко образование, ликовно образование и основи на општо-техничко образование.

Литература:

1. Наташа Чичевска-Јованова, Методика за настава со ученици со интелектуална попреченост, Филозофски факултет, Скопје, 2017

2. M. L. Wehmeyer, D. J. Sands, H. E. Knowlton, E. B. Kozleski, Teaching Students with Mental Retardation, Paul H. Brookes Publishing Co., 2002

3. D. Maćešić – Petrović, Primena računara u edukaciji i rehabilitaciji kod dece sa intelektualnom ometenošću, Fakultet za specijalnu edukaciju i rehabilitaciju, Beograd, 2008

4. V. V. Vidović, M. Rijavec, V. Vlahović – Štetić, D. Miljaković, Psihologija obrazovanja, IEP-VERN, 2003

5. С. Хрњица, Дете са развојним сметњама у основној школи, Учитељски факултет, Београд, 1997

6. D. Mitchell, What Really Works in Special and Inclusive Education, Routledge, Taylor & Francis Group, 2008