Д506И/18: Стратегии за специфични тешкотии во учењето
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Специјална едукација и рехабилитација | V | 2+2 | 6 |
Наставник: д–р Александра Каровска Ристовска
Цели на предметната програма:
Стекнување на знаења за процена на специфичните тешкотии во учењето. Стекнување на вештини за спроведување на тестовите за процена на дислексија, дисграфија, дискалкулија и диспраксија. Стекнување и продлабочување на познавањата и умеењата за работа со ученици со специфични тешкотии во учењата.
Содржина на предметната програма:
Процена на ученици со дислексија. Процена на говорен развој. Фонолошка процена. Процена на читањето. Тестирање на читањето. Неформална процена на дислексијата. Ран скрининг на дислексијата. Дефектолошка процена на дислексијата. Работни стратегии за дислексија. Модификации на наставата. Индивидуални образовни планови. Процена на ученици со диспраксија. Процена на пишување. Процена на графомоторика. Скрининг на дисграфија. Тестирање на дисграфија. Работни стратегии за ученици со дисграфија. Вежби за дисграфија. Процена на ученици со дискалкулија. Тестови за дискалкулија. Работни стратегии за дискалкулија. Вежби за дискалкулија. Игри за примена на математиката во секојдневието. Процена на ученици со диспраксија. Идентификација на ученици со диспраксија. Симптоми на диспраксија. Работни стратегии за ученици со диспраксија.
Литература:
1. Каровска Ристовска А., Кардалеска Љ., Ајдински Г., Шурбановска О., Процена и стратегии за работа со ученици со дислексија, дисграфија, дискалкулија и диспраксија, Филозофски факултет, Скопје, 2018
2. Farell, M., The effective teacher’s guide to Dyslexia about other learning difficulties (learning disabilities), Wiltshire: Routhledge, 2012
3. Greene, J., Moats, L., Critical components in the clinical identification of dyslexia, Baltimore, MD: International Dyslexia Association, 1995
4. Костиќ, Ѓ., Владисављевиќ, С., Поповиќ, М., Тестови за испитување на говорот и јазикот, Белград: Завод за издавање на учебници и наставни средства, 1983
5. Ripley, K., Daines, B., Barrett, J., Dyspraxia. A Guide for Teachers and Parents. David Fulton Publishers, London, 1997