д-р Сузана Симоновска

Редовен професор

Проф. д-р Сузана Симоновска е родена на 18.06.1963 година во Скопје. Дипломирала (1987) и магистрирала (1994) на Институтот за филозофија, при Филозофскиот факултет во Скопје. Докторската дисертација под наслов „Техничките можности и духот” ја одбранила во јули 2002 година на Филозфскиот факултет во Скопје, и се стекнала со научниот степен доктор по филозофски науки.

Во февруари 1988 година се врабутува како помлада асистентка на Филозфскиот факултет во Скопје, при тогашниот Институт за марксизам. Во 1995 година е избрана во звањето асистент по предметите филозофија на техниката и антропологија на Катедрата за хуманистички студии. Во 2003 година е избрана во наставното звање доцент по истите предмети. Во наставното звање вонреден професор е избрана во декември 2007, за научните области (дисциплини): филозофија на техниката, културна антропологија, етика и социјална антропологија. Од 2008 година проф. д-р Сузана Симоновска изведува настава и на новиот Институт за родови студии, отворен при Филозофскиот факултет во Скопје, и е една од учесниците во проектот за неговото основање. Од октомври 2012 година е редовна професорка на Институтот за родови студии, а во 2017 година е реизбрана во звањето редовен професор за научните области (дисциплини): историја на родот и полот, етика, социјална и културна антропологија.

Посетува повеќе обуки и работилници, учествува во национални и меѓународни научни проекти, и зема активно учество на национални и меѓународни научно-стручни собири и јавни трибини. Се јавува како рецензентка на повеќе трудови, книги, универзитетски учебници и учебници во основното образование. Ангажирана е и како експертка за спроведување на родова анализа на учебници во основното образование. Учествува во консултативниот процес на подготовка на Национален акциски план за Отворено владино партнерство (2016-2018), и во изработката на Стратегијата за родова еднаквост на град Скопје и Акциски план (2016-2021).

Раководителка е на Институтот за родови студии (од 2017 година); членка на факултетски комисии; членка на управниот одбор на ХЕРА; членка на Филозофското друштво на Македонија; членка на Совет на експерти на Центарот за биоетика на Филозофскиот факултет во Скопје.

Истражувачки интереси: родовите релации во приватната и јавната сфера (антрополошки, етички и социјални импикации).

Проф. д–р Сузана Симоновска изведува настава и вежби по предметите:

На вториот циклус студии:
  • 1

    [ИС221/19] Културна антропологија и интеркултурализам

  • 2

    [РС102; РС202] Антропологија на родот

  • 3

    [РС105; РС205] Сексуално и репродуктивно здравје, права и политики

  • 4

    [РС111] Историја на родови релации

  • 5

    [ФИ213И/19] Филозофија на техниката

На третиот циклус студии:
  • 1

    [ФЗФ2] Научноистражувачка етика со примена и примери во подрачјето на хуманистичките науки (задолжителен предмет од Школата за докторски студии)

  • 2

    [ФЗФ1] Научноистражувачка етика со примена и примери во подрачјето на хуманистичките науки (социјална политика и социјална работа)



Селективна библиографија

„Сурогат мајчинство во РС Македонија“, во Bioethics the sign of a new era, Скопје: Центар за интегративна биоетика, Филозовсфки факултет, 2019.

„„Новата“ глобална поделба на трудот промислена низ призмата на родот и класните разлики“, во Годишен зборник, книга 72, Скопје: Филозофски факултет, 2019.  (коавтор)

„Етичките дилеми во специјалната едукација и рехабилитација“, во: Трансформација кон одржливо и флексибилно општество за лицата со инвалидитет. Скопје: Филозофски факултет, Институт за дефектологија, 2018. (коавтор)

“Uloga seksualnog obrazovanja u poboljšanju kvaliteta života mladih u Republici Makedoniji“ in: Unapređenje kvalitete života djece i mladih. Tuzla: Udruženje za podršku i kreativni razvoj djece i mladih, 2018.

“High education in the Balkans and the inclusion of women”, in: International  Journal for Education, Research and Training. Volume.2, Issue 1, November 2016. (коавтор)

„Sexual Violence in Marriage and Intimate Relationship: synthetic view about Macedonia “, во Социолошка ревија, бр 2/2016, XVII Скопје: Здружение на социолози наРМ и Институт за социологија, Филозофски факултет, 2016 (коавтор)

„Етиката и социјалната работа“, во Годишен зборник, Волумен 62,   Скопје: Филозофски факултет, 2016(коавтор)

„The Consequences of the Condition of Poverty in the Republic of Macedonia (demonstrated by qualitative research)“, во Социолошка ревија, бр 1/2016, XVII, Скопје: Здружение на социолози на РМ и Институт за социологија, Филозофски факултет,  2016 (коавтор)

„Што друго, освен за здравје, треба да се дискутира на часовите по сексуално образование?“, во Прилози од консултациите за образование за сексуално и репродуктивно здравје, Скопје: ХЕРА, 2016.

„Helth condition of the poor population in Republic of Macedonia“, in Knowledge: International Journal Scientific and applicative Papers, vol.8/1, 2015 (коавтор)

„Sexsual education and educational system in Republic of Macedonia“, in Knowledge: International Journal Scientific and applicative Papers, vol.8/1, 2015 (коавтор)

„Перцепциjа за квалитетот на живот кај студентите од УКИМ“, во Unapređenje kvalitete života djece i mladih, Тузла, 2015. (коавтор)

„Reproductive health and rights in the Republic of Macedonia“, in Young Women in Post-Yugoslav Societies: Research, Practice and Policy, Zagreb i Sarajevo: Institute for Social Research in Zagreb, Human Rights Centre, University of Sarajevo, 2014.

„Концептoт на сеопфатно сексуално образование“, во   Аспекти на сексуалност и сексуално образование, Скопје: Филозофски факултет, ХЕРА, 2014.

“The life Quality of Former Dependants from the “11 October” Orphange in Skopje”, in: Unapređenje kvalitete života djece I mladih,  Tuzla: Udruženje i kreativni razvoj djece i mladih, Edukacijsko-rehabilitacijski fakultet Univerziteta u Tuzli , 2014 (коавтор)

“The Life Quality of the Poor Children in the Republic of Macedonia” , in:  Unapređenje kvalitete života djece I mladih,  Tuzla: Udruženje i kreativni razvoj djece i mladih, i Edukacijsko-rehabilitacijski fakultet Univerziteta u Tuzli , 2014 (коавтор)

„Сексуалното и репродуктивното здравје и прва на лицата со попреченост“, во Modern aspects of special education and rehabilitation of persons with disabilities, Skopje: Filozofski fakultet, Institut za defektologija, 2014.

„Улогата на родовото сензитивното образование во современите општествени услови “, in Education between tradition and modernity, Skopje: Institute of Pedagogy, Faculty of Philosophy, 2013.

„Родне аспекте сиромаштва“, во Култура и друштвени развој, Социолошки   годишњак, број 8, Пале: Социолошко друштво Републике Српске, децембар 2013. (коафтор)

Етиката и родот – прирачник, Филозофски факултет, Скопје, 2012. (коавтор)

Родовата практика на универзитетите во Република Македонија: вклученост/исклученост на жените во телата и процесите на донесување одлуки,  Филозофски факултет, Скопје, 2011. (коавтор)

„Различните општествени димензии на поимите време и работа за мажите и жените”,  во Годишен зборник,  Филозофски факултет, Скопје, 2011. (коавтор)

„Феминистичка етика – одговор на елитизмот, сексизмот и родовите обрасци во етиката”, во Годишен зборник,  Филозофски факултет, Скопје, 2010.

„Половата поделба на трудот – фактор на женската дискриминација”, во Ревија на сцоцијалната политика, год. 2, бр 3, Фондација „Фридрих Еберт”, Скопје,  јуни 2009.

Духовноста во ерата на техниката, Аз-буки,  Скопје, 2008.

„Етика“, во Книжевно-теориски поимник, МАНУ,  Скопје,  2008.