Д305И/18: Креативна терапија
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Специјална едукација и рехабилитација | III | 2+2 | 6 |
Наставник: д–р Оливера Рашиќ Цаневска
Цели на предметната програма:
Стекнување на знаења за поимот, значењето и видот на креативни терапии (терапија со игра, арт терапија, музико-терапија, терапија со движење и танцување, терапија со животни) и начинот на нивна примена во работата со деца со посебни образовни потреби и лица со инвалидност. Стекнување на вештини за спроведување на дијагностички, тераписки и рехабилитациски постапки со примена на различни методи од областа на креативната терапија.
Содржина на предметната програма:
Поим за креативна терапија; Методи на креативна терапија; Терапија со игра (поим и дефинирање на играта, играта низ детскиот развој, специфичности на играта кај деца со посебни образовни потреби, играчки и критериуми на избор на играчките при работа со деца со посебни образовни потреби, развојна процена на детските игри и услови за игра кај децата со ПОП, основни начела и индикации, цели и поставување на терапијата со игра кај децата со ПОП); Арт-терапија (поим и дефинирање, уметничкото изразување низ развојниот период на детето, ликовниот израз и естетската порака кај децата со ПОП и лицата со инвалидност, проективна димензија на цртежот, симболичко- емоционални аспекти на арт-терапијата); Музико-терапија (поим и дефинирање, методи и влијанија на музико-терапијата, музиката во детскиот развој, симболичко-емоционални аспекти на медиумите); Терапија со движење и танцување (поим и дефиниција, телесна симболизација и танц, улогата на движењата во секојдневната комуникација и експресија, танцувањето како стимулација на физичкиот развој, редукција на стрес и креативна експресија); Терапија со животни (хипо терапија и терапевтско јавање, терапија со кучиња, терапија со делфини).
Литература:
1. Athena A. Drewes, Charles E. Schaefer, School based play therapy, second edition, John Wiley & Sons, New Jersey 2010
2. Aubrey H. Fine, Handbook on Animal-Assisted Therapy Foundations and Guidelines for Animal-Assisted Interventions,Academic Press, London, 2015
3. Caroline Case, Tessa Dalley, Working with children in art therapy, Routledge, London, 2002
4. Rachel Darnley Smith, Helen M. Patey, Music therapy, SAGE publications, London, 2003
5. Sharon Chaiklin and Hilda Wengrower, The Art and Science of Dance/Movement Therapy, Routledge, 2009
6. Levandovski D, Bratković D., Program rehabilitacije putem pokreta, Fakultet za defektologiju Sveučilišta u Zagrebu, 1997