СР705И/18: Мултикултурна социјална работа

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Социјална работа и социјална политикаVII3+26

Наставник: д–р Светлана Трбојевиќ

Цели на предметната програма:

Да се добијат научни и продлабочени сознанија за влијанието на мултикултурализмот врз развојот на теоријата и праксата на социјална работа.

Содржина на предметната програма:

Поимово определување на мултикултурализмот. Историски корени. Либерализмот како идеолошки предуслов на мултикултурализмот. Типологии на мултикултурализмот. Аспекти и предизвици на мултикултурализмот. Принципи на мултикултурализмот. Неопходни предуслови на мултикултуралниот тренд. Социјална држава и мултикултурализмот. Мултикултурализмот и праксата на социјалната работа (културни разлики, човекови права, социјална правда).

Литература:

1. Трбојевиќ, С., Мултикултурализмот во социјалната работа и социјалната политика, Филозофски факултет, 2016

2. Герд, Б., Мултикултурна загатка: Реобмислување на националниот, етничкиот и религиозниот идентитет, Три, 2009

3. Атанасов, П., Мултикултурализмот како теорија, политика и практика, Евро-Балкан Прес, 2003