СР703З/18: Социјални услуги на граѓански организации

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Социјална работа и социјална политикаVII3+26

Наставник: д–р Владимир Илиевски

Цели на предметната програма:

Да добијат студентите продлабочени сознанија за функционирањето на граѓанските организации и нивната улога во давањето на социјални услуги на ранливите групи во системот на социјална заштита.

Содржина на предметната програма:

Дефиниции и класификации на граѓанските организации, Теоретски пристапи во проучувањето на граѓанските организации; Развојот и улогата на граѓанските организации во светот и во Република Македонија; Финансирањето на граѓанските организации; ЕУ искуства – социјалното вклучување и улогата на граѓанските организации; Местото и улогата на граѓанските организации во развојот на плуралната социјална заштита; Видови на социјални услуги за ранливите групи; Проценка и планирање на социјални услуги, Социјални услуги на граѓанските организации во Европа и Република Македонија; Мултисекторската соработка во доставата на социјални услуги.

Литература:

1. Група автори, Проценката на граѓанското општество во Република Македонија,  Македонски центар за меѓународна соработка, МЦМС, Скопје 2006

2. Љупчо Врангеловски, Граѓански здруженија во Македонија, Македонски центар за меѓународна соработка – МЦМС, Скопје, 2002

3. Група автори, Улога невладиних организације у пружању услуге социјалне заштите, Центар за либерално-демократске студије, Београд, 2009

4. Hadzi M. Katerina, „Legal and Institutional Mechanisms for NGO-Government Cooperation in Croatia, Estonia and Hungary”, The International Journal of not for profit law, Volume 10 , Issue 4, 2008

5. Група автори, Прирачник за развој на социјалните услуги за ранливите групи во локалните заедници, Министерство за труд и социјална политика, 2013