СР605И/18: Супервизија и евалуација во социјалната работа

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Социјална работа и социјална политикаVI3+26

Наставник: д–р Сунчица Димитријоска

Цели на предметната програма:

Целта на предметот е да им овозможи на студентите теоретски и практични искуства за спроведување на супервизија и евалуација во социјалната работа. Студентите треба да се оспособат да ги анализираат и да дискутираат за современите пристaпи во супервизијата и евалуацијата во социјалната работа и нивна апликација во остварувањето на социјалната работа.

Содржина на предметната програма:

Поим на супервизија; Историски развој на супервизијатa; Професионална етика во суперзизиски односи; Предрасудите и кршувања на етичкиот кодекс; Односот на супервизија и надзорот; Цели, функции и чекори во супервизиските средби. Основни модели на супервизија; Форми, содржини и техники на супервизија; Супервизија на група; Супервизија и кризна интервенција; Супервизија на студенти – менторство; Супервизиски протоколи; Содржината на супервизиска анализа; Евалуација на ефикасноста и ефектите; Евалуација за време на процесот, третманот; Извештај од евалуација; Самоевалуација.

Литература:

1. Ajduković, M. Cajvert, Lj., Supervizija u socijalnom radu, Društvo za psihološku pomoć, Zagreb 2004

2. Cajvet L., Kreativan prostor terapeuta, Sarajevo 2001