СР503З/18: Социјална работа со семејство
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Социјална работа и социјална политика | V | 3+2 | 6 |
Наставник: д–р Сузана Борнарова
Цели на предметната програма:
Стекнување знаења за промените и карактеристиките на современото семејство. Усвојување вештини за проценка на семејството како систем. Запознавање со методите, техниките и фазите во социјална работа со семејство.
Содржина на предметната програма:
– Поим за семејство
– Семејни типологии
– Неконвенционални видови семејства
– Семејни брачни и животни циклуси
– Семејна кохезивност
– Семејна функционалност/дисфункционалност
– Семејни процеси: улоги, правила, односи
– Семејството како систем
– Превентивна социјална работа со семејство: предбрачно советување, образование за живот во семејство, образование за родителство
– Фази во социјална работа со семејство: откривање на случај/ангажирање, собирање податоци, проценка/дијагноза, планирање и договор за работа, имплементација / терапија, евалуација, завршување
– Техники и инструменти во работа со семејство
Литература:
1. Борнарова Сузана, Социјална работа со семејство, Филозофски факултет, 2012
2. Constable R., Lee B. D., Social Work with Families: Content and Process, Lyceum Books, 2006
3. Maluccio N. A., Social Work Practice with Families and Children, Columbia University Press, 2002