СР406И/18: Социјално претприемништво

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Социјална работа и социјална политикаIV3+26

Наставник: д–р Иван Трајков

Цели на предметната програма:

Да се добијат основни сознанија за областите на претприемништвото; посебно за специфичностите на претприемништвото во социјалната сфера;-да се елаборираат макроекономските и социјалните аспекти на претприемништвото;-да се потенцира улогата на социјалното претприемништво во целокупниот економски, социјален и општествен развој, а посебно на улогата на социјалното претприемништво и можностите за вработување, раст и развој.

Содржина на предметната програма:

1. Основи на претприемништвото

2. Основи на социјалното претприемништво

3. Социјалните претпријатија во структурата на непрофиниот сектор

4. Области на делување на социјалните претпријатија

5. Социјалните претпријатија во земјите на Европа

6. Студии на случај на социјално претприемништво

7. Стратегии на деловните цели и на социјалните цели

8. Пазарот и социјалните претприемачи

9. Државата и социјалното претприемништво

10. Конкуренцијата и социјалните претприемачи

Литература:

1. Пејковски Јован, Социјално претприемништвото, Филозофски факултет, Скопје, 2014

2. Ричард Прашкиер, Социјално претприемништво, Арс Ламина, Скопје, 2014

3. Јован Пејковски, Претприемништвото и развојот, Еко прес Магнаскен, Скопје 1998