СР405И/18: Социјална работа и политика во образование

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Социјална работа и социјална политикаIV3+26

Наставник: д–р Сузана Борнарова

Цели на предметната програма:

Запознавање на студентите со методите и техниките за работа и улогата на социјалниот работник во образовните институции. Стекнување основни знаења и вештини за превентивна социјална работа во доменот на образованието, за откривање и следење на учениците во социјален ризик, учениците кои манифестираат асоцијално поведение или се погодени од социјален проблем. Стекнување знаења за социјалните димензии на образовната политика и вештини за анализа на улогата на образованието во обезбедувањето на социјална правда и еднаквост.

Содржина на предметната програма:

– Образовна политика – поим и социјални димензии

– Образованието и социјалната исклученост

– Мерките на образовната политика за зголемување на пристапот до образовните можности

– Дефинирање на социјалната работа во образование

– Социјално-заштитната функција на училиштето и семејството

– Улоги и задачи на социјалниот работник во училиштето

– Основни знаења (општи и специјализирани) со кои треба да располагаа социјалниот работник кој работи во училиште

– Активности на социјалниот работник како дел од стручниот тим во училиштата

– Програмски активности: како се подготвуваат и содржински обликуваат програмите за работа на социјалниот работник во училиште (превнетивни програми за деца и родители, програми за работа со деца и родители во ризик)

– Примена на методите на индивидална и групна социјална работа со ученици и родители

Литература:

1. Борнарова Сузана, Социјална работа во образование, Алма, Скопје, 2014

2. Dupper R.D., John Nj., School Social Work – Skills and Interventions for Effective Practice. Wilez Pbl. 2003

3. Allen-Meares P., et al., Social Work Services in Schools, Allyn and Bacon, 2000