СР202З/18: Семејно право

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Социјална работа и социјална политикаII3+26

Наставник:   д-р Наташа Богоевска

Цели на предметната програма:

Да се добијат продлабочени сознанија за поимот, начелата, изворите, институтите и содржината на семејната регулатива и практика кај нас и во светот. Да се стекнат вештини за законска и ефикасна реализација на правата на граѓаните од областа на семејното право, како и вештини за анализа и креирање на националната семејна политика.

Содржина на предметната програма:

Прв дел: Семејно право и семејство:Поим, предмет и метод на семејното право; Местото на семејното право во правниот систем; Поделба на семејното право; Извори и карактеристики на семејното право; Семејството во Република Македонија; Домаќинство и роднинство; Правна заштита од семејно насилство. Втор дел: Брачно право и брак:Поим и предмет на брачното право; Развој и карактеристики на брачното право во Rепублика Македонија; Правна природа на бракот; Постапка и услови за склучување на брак; Престанок на брак и правни последици од престанок на брак; Вонбрачна заедница. Трет дел: Родителско право и односи меѓу родители и деца:Поим и дефиниција на родителско право; Права и должности на родители и деца; Надзор над вршење на родителско право; Форми за заштита на деца без родители и родителска грижа (посвојување, старателство и згрижувачко семејство). Четврти дел: Имотно-семејни односи: Имотни односи меѓу брачните партнери; Имотни односи меѓу вонбрачни партнери; Имотни односи меѓу родители и деца.

Литература:

1. Трајковски, Д., Сланинка-Динева, М., Семејно право Светлост Графика ДОО Скопје, 2005

2. Блер, Д. М., Вајнер, М. Х, Меѓународно семејно право – конвенции, статути и регулаторни материјали, Магор 2009

3. Спировиќ, Л., Семејно право, Правен факултет 2008

4. Закон за семејство (Сл. Весник на РМ бр. 80/1992, 9/1996, 38/2004, 33/2006, 84/2008, 67/10, 156/10, 39/12, 44/12, 38/14,115/14, 104/15, 150/2015)