СР201З/18: Психосоцијален развој

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Социјална работа и социјална политикаII4+26

Наставник: д–р Иван Трајков

Цели на предметната програма:

Стекнување на теоретски знаења за психосоцијалните проблеми и потреби на вулнаребилни поединци и групи од различен вид на ризик (социјален, психолошки) и развивање на способност за психосоцијална поддршка и помош на ризични групи. Да се добијат сознанија за психосоцијалната грижа и опсервирање на единката во нејзината социјална средина, социјалните основи на развој на единката, социјализацијата како основа на психосоцијалниот развој на единката.

Содржина на предметната програма:

Психосоцијален пристап во работа со поединец, група семејство и заедница. Аспектите на човековиот развој; Социјалните основи за развој на психичкиот живот; Интеракција на генетските фактори и факторите на средината; Животни циклуси – период на раст и развој; Развој во периодот на детството; Социјален развој- рана социјализација; Социјално однесување; Последици од раната депривација; Агресија и антисоцијално однесување; Адолесценција – психосоцијален развој – кризи во развојот; Социјален развој во адолесценцијата; Идентитет и самопочитување; Животни циклуси – период на стабилизација – зрело доба; Социјализација, социјална интеракција и вештини на комуникација; Општи карактеристики на зрелоста; Вработување; Карактеристики на средната зрелост; Брак и семејство; Родителство; Животни циклуси и кризи во развојот на семејството; Доцна зрелост; Старост и стареење.

Литература:

1. Berk, E. Laura, Psihologija cjeloživotnog razvoja, Naklada Slap, 2007

2. Howe, D Psychosocial Work, Houndmills, 2002

3. Трајкова, С. Верица, Психологија, Универзитетска печатница, 2002

4. Vasta, R., Haith, M. M., Miller A.S., Dečja psihologija, Naklada Slap 2004