ПЕ704З/18: Менаџмент на човечки ресурси

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
ПедагогијаVII3+15

Наставник: д-р Зоран Велковски

Цели на предметната програма:

Општи компетенции:

Стекнување на сознанија за: Основните теории и истражувачки парадигми за развојот на човечки ресурси, поимот за човековите ресурси, основните принципи на управувањето на човековите ресурси, планирање на човековите ресурси, избор на кадрите, управување со кадрите, наградување, развој на човековите ресурси.

Посебни компетенции:

Оспособување за практично интервенирање на подрачјето на развојот на човечките ресурси во организациите во јавниот и/или приватниот. Оспособување на студентите за анализа и самостојно одлучување при изборот, обуката, наградувањето и санкционирањето на вработените.

Содржина на предметната програма:

Настанување, историјат и современи тенденции на менаџментот на човекови ресурси; Поим за менаџмент на човекови ресурси; Поим за стратешки менаџмент на човекови ресурси; Начини на менаџирање (лидерство) и однос кон вработени; Организациска промена (организациите што учат), комуникација и интерактивни способности; Организациска култура; Планирање (обезбедување) на ресурси (анализа на пазарот на трудот и на општественото опкружување); Селекција и избор на кандидатите (регрутирање-тестирање), политиките на трајност (задржување) на работното место, политики и стратегии на отпуштање на вработени; Оценување на перформансите на вработените (следење на индивидуалните резултати и ефектите од тимската работа); Работните односи, колективните преговори, еднаквите можности на работното место; Развој на човековите ресурси (обука, компетенции, учење, кариера); Политиките на наградувањето (плати, премии, стимулации, пензии, бенефиции); Здравје, стрес и безбедност на работното место.

Литература:

1. Бојаџиев, Д., Менаџмент нa човечки ресурси, Економски факултет, Скопје, 2010

2. Овесни, К. (прир.), Развој људских ресурса (хрестоматија), 2015

3. Велковски, З., Lacrimae mundi, ПЗМ, Скопје, 2005

4. Овесни, К., Организација која учи: андрагошка перспектива, ИПА, Филозофски факултет Универзитета у Београду, 2014

5. North, K., Upravljanje znanjem, Naklada Slap, 2008, 37-70