ПЕ508И/18: Валидација на неформално учење

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
ПедагогијаV2+14

Наставник: д-р Елена Ризова

Цели на предметната програма:

Студентите ќе стекнат научни и продлабочени знаења за потребата и придобивките од признавањето на неформалното и информалното учење, како и дефинициите, целите и принципите на валидацијата на неформалното и информалното учење. Студентите ќе бидат оспособени за разгледување и критички пристап кон современите методи и техники за валидација на неформалното и информалното учење, како и ќе развијат компетенции за употреба на истите. Преку научен пристап, студентите ќе стекнат сознанија за европските и светските трендови за признавање на неформалното и информалното учење.

Содржина на предметната програма:

Потреба и придобивки од признавањето на неформалното и информалното учење. Дефинирање, цели и принципи на признавањето на неформалното и информалното учење. Предуслови за развивање методологија за признавање на неформалното и информалното учење. Фази на признавање и валидација. Контексти за признавање на неформалното и информалното учење. Алатки за признавање на неформалното и информалното учење. Водење и советување во процесот на признавање на неформалното и информалното учење. Осигурување квалитет.

Литература:

1. Ризова, Е., Валидација на неформално и информално учење, Филозофски факултет, Скопје (интерен материјал), 2016

2. Yang, J., Recognition, validation and accreditation of non-formal and informal learning in UNESCO member states, UNESCO Institute for lifelong learning, 2015

3. CEDEFOP, European guidelines for validating non-formal and informal learning, Publications Office of the European Union, 2015

4. Министерство за образование и наука на Република Македонија, Центар за образование на возрасните на Република Македонија, Концепција за неформално образование на возрасните и за информално учење во Република Македонија, Европска фондација за обука, 2015

5. UNESCO Institute for lifelong learning, UNESCO Guidelines for the recognition, validation and accreditation of the outcomes of non-formal and informal learning, UNESCO Institute for lifelong learning, 2012

6. European Commission, Council recommendation validation of nonformal and informal learning, Official Journal of the European Union 2012