С105И/18: Историја

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
СоциологијаI2+13

Наставник: д–р Никола Минов

Цели на предметната програма:

Да се добијат продлабочени сознанија за политичките, општествено-економските и културните процеси и појави во светската историја од антиката до современоста.

Содржина на предметната програма:

Историја на Стара Грција; Историја на античките Македонци; Римската република; Римското царство; Историја на Византија; Европа во Средниот век; Балканот во Средниот век; Средновековна Македонија; Светот во Новиот век; Создавањето на балканските држави во 19 век; Македонското револуционерно национално ослободително движење; Македонија во 20 век; Историја на Светот во 20 век.

Литература:

1. Група автори, Историја на македонскиот народ, ИНИ, Скопје, 2008

2. Чедомир Попов, Грађанска Европа (1770-1914) т. 1-3, Завод за Уџбенике, Београд, 2010

3. Чедомир Попов, Од Версаја до Данцига, Београд, 1972

4. Наде Проева, Историја на Аргеадите, Графотисок, Скопје, 2004

5. Petar Lisičar, Grci i Rimljani, FZF Zagreb, 1977

6. Георги Острогорски, Историја на Византија, Мисла, Скопје, 1992

7. Д. А. Скаскин и други, Историја на Средниот век,, т. 1 УКИМ, Скопје, 1970

8. Барбара Јелавич, Историја на Балканот, т.1, т.2, НИК Лист, Скопје, 1999