У707И/18: Македонското црковно прашање во XX век
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Историја на уметност | VII | 2+2 | 6 |
Наставник: д–р Борче Илиевски
Цели на предметната програма:
Да се добијат научни и продлабочени сознанија за воспоставувањето на јуриздикцијата на соседните православни цркви на територијата на Македонија по 1912/13 година. За решавањето на Македонското црковно прашање, како и за македонско-српските црковни односи по 1944 година и влијанието на државните фактори врз овие односи.
Содржина на предметната програма:
Балканските војни и воспоставувањето на јуриздикцијата на Српската православна црква на територијата на вардарскиот дел на Македонија. Црковната политика на СПЦ во периодот 1918-1941 година. Отварање на богословијата во Битола. Јуриздикција на Бугарската и Албанската православна црква во периодот 1941-1944 г. Основање на Иницијативен одбор за основање на Православна црква во Македонија. Првиот црковно-народен собор, Свештеничката конференција. Вториот македонски-црковнонароден собор, Обновување на Охридската архиепископија. Односите МПЦ-СПЦ 1958-1964 Прогласување на автокефалноста на МПЦ. Делување на МПЦ 1967-1991.
Литература:
1. Илиевски Борче, Македонско–српските црковни односи 1944-1970, Филозофски факултет, 2011
2. Цане Мојановски (прир.), Автокефалноста на Македонската православна црква (документи), 2004.
3. Радмила Радић, Држава и верске заједнице (1945-1970), 2002
4. Славко Димевски, Историја на МПЦ, Култура, 1989
5. Доне Илиевски, Автокефалноста на Македонската православна црква, 1972
6. Александар Трајановски, Возобновување на Охридската архиепископија како Македонска православна црква и нејзиниот шематизам, 2008