У505И/18: Средновековни ризници

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Историја на уметностV2+26

Наставник: д–р Снежана Филипова

Цели на предметната програма:

Способност да се препознае функцијата и време на изработка на предмети кои се дел од колекциите на светските музеи, црковни ризници и приватни колекции, нивната улога во литургија или световен ритуал, аудиенција, крунисување, погребување, венчавање, верификување (печати). Препознавање на техники со кои е изработен предметот, ранг на носителот или нарачувачот. Запознавање со ризниците на светските музеи и престижните предмети кои ги чуваат. Запознавање и рангирање на предметите од домашните црковни и музејски колекции и збирки и нивна генерална хронолошка и функционална рамка.

Содржина на предметната програма:

Средновековна европска уметничка обработка на метали, керамика, камен, стакло, коска и полускапоцени и скапоцени камења, бисери, текстил и кожа е спој на неколку ликовни уметности и занаетчиски техники. Делата кои се произведени на овој начин припачаат на применетата уметност и денес се дел од црковни или музејски ризници, или во приватен посед на благородници и владари. Во склоп на наставата се проучуваат врвни дела нарачани од црковни и световни владари, како знак на престиж и важност -ранг на личност што ги поседува, односно на црква, капела и градба во која се изложени. Работени според уметнички цртежи и макети, односно дизајн направен од уметници а реализирани од уметници или занаетчии во скапоцени материјали, и најчесто со техники на лиење, филигран, калапење, резбарење, емајл, витраж, во мозаик, тие преставуваат уникати кои ја покажуваат и модата на времето и безвременскиот дизајн на престижните и скапоцени уметнини. Некои се во функција на инсигнии (вази, оружје, копчи и копчиња, накит), со претстави на сцени, митски суштества, фантастични животни, светци-апликации, лиени и калапени за војна опрема, садови и предмети од керамика, метал, стакло, порцелан, во функција на литургиски предмети, антепендиј, цибориуми, преносни олтари, реликвијари, корици на литургиски книги, калежи, крстови, црковен мобилиар, ампули, распетија, рамки на икони. Текстил, печати, појаси, копчиња. Акцентот на проучување е врз иконографијата на композициите, претставените фигури и декоративните мотиви и шеми, античките и нови предлошки и композиции, аналогиите во декорацијата во визуелните уметности. Најзначајни уметнини. Предмети кои се еклектички- претопени и преработени (круна на Св Стефан, Будимпешта, скапоцени корици на книги од Отонски период, блага од ризниците на Св Марко, Венеција и катедралата во Монца, на Виенскиот Музеј за историја и уметност, колекцијата на британскиот двор, катедралата во Келн, Св. Денис во Париз, Лувр и т.н.). Изгубени реликвии и блага ограбени за време на воени дејствија (Капелата на Св. Крст близу Прага, ограбена од Хитлер, гробот на Карло Велики, испразнет од Наполеон и т.н.).

Литература:

1. Fleming, John and Hugh Honour, Dictionary of the Decorative Arts, Harper and Row, New York, 1977

2. Martina Bagnoli, Holger Klein, Grifith Мann, James Robinson (eds.), Treasures of Heaven, British Museum, London, 2011

3. Magnus Backs, Regine Dölling, Umjetnost u slici, Nastajanje Evrope, II, Otokar Keršovani, Opatija, 1987

4. Digital Library for the Decorative Arts and Material Culture, American decorative arts collection, Metropolitan Museum of Art, 2010/11

5. Relics of the Past, Benaki Museum, Athens, 2011

6. Г. Кубах, Каролиншка и Отонска уметност, Нови Сад, 1973