У3013/18: Средновековна европска уметност 1
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Историја на уметност | III | 4+2 | 6 |
Наставник: д–р Снежана Филипова
Цели на предметната програма:
Студентите да стекнат знаења од областа на ранохристијанската и протороманичка средновековна уметност со кои можат самостојно да разликуваат, препознаваат и валоризираат уметнички дела и дела на применетата уметност изработени во овој период, што може да ги применат во следење на наставни предмети кои го третираат понатамошниот развој на европската уметност, како и при изработка на дипломски работи, пишување рецензии на објавени книги, статии и при едукација.
Содржина на предметната програма:
Пoчеток на средновековна уметност. Ранохристијанската уметност и појавата, ширењето како и легализацијата на христијанството кое станува државна религија како основна причина за промена на содржина и иконографијата на уметничките дела, понатамошна примена на дел од антички традиции во архитектурата (храмови на анти и триумфални арки и т.н.), илуминацииите (митолошки теми, цртеч) , скулптурата (саркофази, корнизи, капители и сл.) и уметничките техники. Источни стилски влијанија, нови иконографски решенија. Катакомбите и нивната уметност, првите христијански куќи адаптирани за култот, појавата на ранохристијанската базилика. Гeoграфски и хронолошки преглед: ранохристијанска уметност во с. Африка, Мала Азија, Сирија и Палестина, Месопотамија, на Балканот, во делови на Европа во кои функционира западната римска држава. Христијанизирање на варварите, формирање на нивните држави и расцут на уметноста. Протороманичка уметност на Балканот и во Европа (лангобардска, визиготска, меровиншка, каролиншка, отонска уметност, уметноста на Британија, на централна Европа населена од Словените). Доминантност на црковната архитектура, појава на монастицизмот во Европа со Св. Бенедикт и создавање на монашките редови. Анонимност на раната уметност. Скрипториуми и уметнички центри, уметнички влијанија од Византија и Истокот. Дела на применетата уметност. Најстари зачувани архитектонски планови. Појавата на мозарабската уметност во Шпанија. Амбициозната културна политика на Карло Велики, привлекување на учени и влијателни теолози и уметници од цела Европа, т.н. каролоншка ренесанса. Одразот на локалниот вараварски вкус кон полихромијата и анимализмот во украсувањето на ракописите, но и фасадите на градбите. Уметничката дејност на манастирите и културни центри во Ахен, Тур, Регензбург, Ехтернах, Ремс, Ирска, Ст. Гален во Швајцарија и т.н.
Литература:
1. Fridrih Gerke, Kasna antika i rano hrišćanstvo, Otokar Keršovani, Novi Sad, 1973
2. Xavier Berral i Altet, The Early Middle Ages, Tashen, London, New York, 1997
3. Henry Luttihuizen, Dorothy Verkerk, Medieval Art (2nd edition), Prentice Hall, New Jersey, 2006
4. Ingo F. Walther, Norbert Wolf, Masterpieces of Illumination, Tashen, Köln, 2005
5. Ričard Krauthajmer, Slobodan Ćurčić, Ranohrišćanska i vizantijska arhitektura (1 deo), Građevinska Knjiga a.d., Beograd, 2008