А606И/18: Средновековно археолошко и уметничко наследство во Република Македонија

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
АрхеологијаVI2+26

Наставник: д–р Елизабета Димитрова

Цели на предметната програма:

Стекнување сознанија за одделните етапи во создавањето на македонската културна ризница и за најзначајните археолошки и уметнички споменици создадени на територијата на средновековна Македонија, применливи во анализата на одликите и значењето на македонското културно наследство.

Содржина на предметната програма:

Историско-политички контекст на средновековна Македонија. Археолошка стратиграфија на средновековните локалитети и нивниот културен контекст. Развој на уметничкото творештво во периодот IX – XV век: градителско наследство, ликовна продукција – социјални и естетски одлики. Улогата на ктиторите во создавањето на програмските, иконографски и стилски специфики на македонската средновековна ризница.

Литература:

1. Е. Димитрова, С. Коруновски, С. Грандаковска, „Средновековна Македонија“, Македонија. Милениумски културно-историски факти, Медиа Принт, Скопје, 2013.

2. С. Коруновски, Е. Димитрова, Византиска Македонија. Историја на уметноста на

Македонија IX-XV век, Просветно дело, Скопје, 2006.

3. П. Кузман, Е. Димитрова, Охрид sub specie aeternitatis, Данте, Охрид, 2011.

4. Е. Димитрова, В. Лилчиќ, К. Антевска, А. Василески, Матка. Културно наследство, Данте, Охрид, 2011.

5. A. J. Wharton, Art of Empire. Painting and Architecture of the Byzantine Periphery, Pennsylvania State University Press, 1988.

6. S. Korunovski, E. Dimitrova, Painting and Architecture in Medieval Macedonia, Kalamus, 2011.