А5023/18: Раноантичка археологија на Балканот

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
АрхеологијаV4+26

Наставник: д–р Марјан Јованов

Цели на предметната програма:

Запознавање на студентите со материјалната и духовната култура на народите кои живеат на Балканскиот полуостров во текот на раната антика, односно меѓу 5. и 2. век п.н.е. Стекнување на знаења за материјалната и духовната култура на Пајонските племиња, материјалната култура на Античка Македонија, како и со археолошките остатоци од тракиските и илирските племиња. Почетоците на урбанизацијата кај овие цивилизации, нивните фунерарни форми и ритуси.

Содржина на предметната програма:

Почетоците на античкиот период на Балканот. Појава на градовите. Племенски заедници и народи, нивна територијална распространетост. Историски извори за Пајонците, Македонците, Тракијците и Илирите, територија, градови, меѓусебни релации и релации со соседството. Погребни форми, ритуси, верувања, движни и недвижни археолошки остатоци.

Литература:

1. Е. Петрова, Пајонија, Скопје, 2000.

2. J. Touratsoglu, Macedonia, Athens, 1998.

3. Г. Китов, Воведение в Тракиската археологија, Софија, 2004.

4. Д. Срејовић, Илири и Трачани, Београд, 2002.

5. В. Битракова, Религија и уметност во антиката во Македонија, Скопје, 1999.

6. M. Andronikos, Philip of Macedon, Athens, 1980.