ИА602З/18: Балканот во Новиот Век 2
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Историја со архивистика | VI | 3+2 | 5 |
Наставник: д–р Далибор Јовановски
Цели на предметната програма:
Да се добијат сознанија за настаните на Балканот во 19 и почетокот на 20 век, особено за создавањето и развојот на автономните и независни држави во регионот. Студентите да се оспособат да ги користат стекнатите знаења. Критичко користење на литературата и анализирање на изворите.
Содржина на предметната програма:
Балканот на почетокот на 19 век. Востанија против османслиската власт и создавање на автономни и независни држави на Балканот – Србија, Грција, Црна Гора, Романија, Бугарија. Улогата на големите сили во создавањето на балканските држави. Реформи во османслиската држава – обид за спас на државата. Развој на новите држави. Големите сили и развојот на балканските држави. Модернизација на регионот. Создавање на образовните и културните институции во балканските држави. Национализмот и образованието – создавање на митовите за потеклото на балканските нации. Големата источна криза – пресврт во развојот на регионот. Соработка и недоразбирање помеѓу балканските држави. Младотурската револуција. Балканските војни – територијални промени.
Литература:
1. Барбара Јелавич, Историја на Балканот т.1 и т.2, НИК Лист, Скопје, 1999
2. Далибор Јовановски, Балканот 1826–1913, Филозофски факултет, Скопје, 2011
3. Мајкл Паларет, Балканските економии 1800–1914, Арс студио, Скопје, 2015
4. Илбер Ортајли, Османлиите на три континенти, Алманах, Скопје, 2016
5. Натали Клејер, Кон потеклото на албанскиот национализам. Раѓањето на една мнозинско муслиманска нација на Балканот, ФОО – Македонија, Скопје, 2015
6. Доналд Кватерт, Османлиската империја 1700–1922, Арс студио, Скопје, 2015