И702З/18: Историја на балканските народи 1

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
ИсторијаVII3+25

Наставник: д-р Борче Илиевски

Цели на предметната програма:

Да се добијат научни и продлабочени сознанија за проучување за проучување и критичко вредување на историјата на балканските народи во текот на Првата светска војна, меѓувоениот период и за време на Втората светска војна.

Содржина на предметната програма:

Балканските држави (Србија, Бугарија, Грција и Албанија) во Првата светска војна. Создавањето на Кралството на Србите Хрватите и Словенците. Париска мировнна конференција и создавање на т.н версајски систем. Политички прилики во Кралството СХС/Југославија. Воведување на диктатура на кралот Александар. Српско – хрватски преговори и создавање на Бановина Хрватска. Пораз и поделба на Кралството Југославија 1941 година. Бугарија во периодот 1918-1923 година. Убиството на А. Стамболиски. Политички прилики во периодот 1923-1934. Надворешна политика. Состојбите во Бугарија 1934-1941 година. Грчко-турска војна. Лозански мировен договор. Грција 1923-1940. Грчко-италијанска војна. Окупација на Грција. Албанија 1918-1925. Улогата на А. Зогу. Албанија 1928-1939. Окупација на Албанија. Балканот во Втората светска војна. Движењта на отпорот и колаборационистички сили. Поделба на свери на влијание на Балканот. Последици од војната.

Литература:

1. Барбара Јелавич, Историја на Балканот, том втори, НИК Лист, 1999

2. Жанин Мари Чалиќ, Историја Југославије 20. века, Clio, 2013

3. Kръстъо Манчев, История на балканските народи 19181945, Парадигма, 2008

4. Марија Тодорова, Замислувајќи го Балканот, Магор, 2001

5. Momir Stojković, Balkanski ugovorni odnosi tom II (19191945), 1996