И101З/18: Вовед во историјата
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Историја | I | 3+2 | 6 |
Наставник: д-р Стефан Пановски
Цели на предметната програма:
Студентите да се воведат во изучувањето на историјата, да се здобијат со основните сознанија за развојот и достигањата на историографијата, да ги совладаат основните поими на историјата како наука; да се здобијат со вештини и способности за следење и изучување на другите историографски и сродни предмети; да ги совладаат основните вештини за писмено и усно изразување и да се воведат во почетните елементи на историското истражување.
Содржина на предметната програма:
Поимот историја и задачите на историјата; историското време и периодизација на историјата; историски извори: видови и поделба на историските извори; поимот историографска школа; развој на историографијата: античка, средновековна, хуманистичка, просветителска, историографијата на 19 век (романтизам, либерализам), историографијата на 20 век (марксистичка, неомарксистичка, Школата Анал, историја на секојдневниот живот, еко- историја, историска социологија); развој на македонската историографија.
Литература:
1. Виолета Ачкоска, Вовед во историјата, Филозофски факултет, Скопје, 2014
2. Едвард Халет Кар, Што е историјата, Култура, Скопје, 1990
3. Џон Тош, У трагању за историјом, Београд, Клио, 2008
4. Андреј Митровиќ, Расправања со Клио, Филозофски факултет, Скопје, 1995
5. Виолета Ачкоска, „Македонската историографија помеѓу демократизацијата и партизацијата 1991-2003“, Prispevki za novejšo zgodovino, letnik XLIV, leto 2004, št. 2, 67-82, 2004
6. Ричард Еванс, Во одбрана на историјата, Скопје, 2012