Ф106И/18: Вовед во историјата
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Филозофија | I | 2+2 | 6 |
Наставник: д–р Стефан Пановски
Цели на предметната програма:
Студентите да се воведат во сфаќањето на историјата и историското мислење, да се здобијат со основните сознанија за развојот и достигањата на историографијата и нејзината поврзаност со филозофската мисла на одредено време; да ги совладаат основните поими на историјата како наука; да се здобијат со вештини и способности за следење и изучување на другите историографски и сродни предмети; да ги совладаат основните вештини за писмено и усно изразување и да се воведат во почетните елементи на историското истражување.
Содржина на предметната програма:
Поимот историја и задачите на историјата; историското време и периодизација на историјата; историски извори: видови и поделба на историските извори; поимот историографска школа; развој на историографијата: античка, средновековна, хуманистичка, просветителска, историографијата на 19 век (романтизам, либерализам), историографијата на 20 век (марксистичка, неомарксистичка, школата Анал, историја на секојдневниот живот, еко-историја, историска социологија); развој на македонската историографија.
Литература:
1. Виолета Ачкоска, Вовед во историјата, Филозофски факултет, Скопје, 2014.
2. Едвард Халет Кар, Што е историјата, Култура, Скопје, 1990.
3. Робин Џ. Колингвуд, Идејата за историјата, Скопје, Култура, 1997.
4. Андреј Митровиќ, Расправања со Клио, Филозофски факултет, Скопје, 1995.
5. Виолета Ачкоска, „Македонската историографија помеѓу демократизацијата и партизацијата 1991-2003“, Prispevki za novejšo zgodovino XLIV, 2004, št. 2, 67-82.
6. Ричард Еванс, Во одбрана на историјата, Скопје: Ars Lamina, 2012.