Ф706И/18: Филозофија на здравје и болест
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Филозофија | VII | 2+2 | 6 |
Наставник: д–р Бранислав Саркањац
Цели на предметната програма:
Цел на курсот е студентите да се здобиваат со базичен увид во актуелните проблеми на социологијата на медицината, социологијата на здравјето и болеста, социологијата на јавното здравство и политичката социологија на здравјето и болеста.
Содржина на предметната програма:
Курсот ги опфаќа тематските целини како што се различните концепции на здравјето и болеста, односот меѓу научните парадигми и концепциите на здравјето и болеста, општествената криза и здравјето и болеста, дилемите на медицинската технологија, медикализација на општествениот живот. Особено внимание ќе му се посвети на односот меѓу идеологијата и концепциите за здравјето и болест (либерализмот и јавното здравје) и односот меѓу филозофијата и психијатријата (влијанието на феноменологијата и филозофијата на егзистенцијализмот врз психијатријата).
Литература:
1. Стефан Костовски и Бранислав Саркањац, Социологија на медицината, Филозофски факултет, Скопје, 1999.
2. Бранислав Саркањац, Јавно здравје и здравствена реформа, Филозофски факултет, Скопје, 2008.
3. Бранислав Саркањац, Односот меѓу филозофијата на егзистенцијализмот и антипсихијатријата во списите на Жан-Пол Сартр и Роналд Дејвид Леинџ (докторска дисертација).