ПС808И/18: Методолошки практикум

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
ПсихологијаVIII2+26

Наставник: д-р Виолета Петроска Бешка

Цели на предметната програма:

Студентите да се оспособат за: следење на истражувачките сознанија од областа на психологијата, да заземаат критички став кон наодите од туѓите истражувања, да спроведување сопствени емпириски истражувања базирани на квантитативните методи и да подготвуваат извештаи од спроведените истражувања.

Содржина на предметната програма:

– Вреднување на истражувачки трудови презентирани во научно-стручни списанија

– Подготовка на нацрт за емпириско истражување базирано на квантитативни методи

– Спроведување на емпириско истражување (со обработка на добиените податоци и интерпретација на добиените резултати)

– Пишување извештај од спроведено емпириско истражување

Литература:

1. Виолета Петроска-Бешка, Подготовка за истражување во психологијата, Филозофски факултет, УКИМ, Скопје 2009

2. Виолета Петроска-Бешка, Експериментално истражување на однесувањето, Филозофски факултет, УКИМ, Скопје 2010

3. Виолета Петроска-Бешка, Анкетирање: Што, зошто, кој, како, Филозофски факултет, УКИМ, Скопје 1999

4. Виолета Петроска-Бешка и Николина Кениг, Како се пишува извештај за спроведено емпириско истражување, Филозофски факултет, УКИМ, Скопје 2011

5. Еванс, А. Н. и Руни, Б. Ј., Методи на психолошко истражување, Европа 92, Кочани 2012