Институт за психологија

д-р Виолета Петроска-Бешка

Редовен професор

Виолета Петроска-Бешка e родена во 1956 година во Скопје. Дипломирала психологија на Филозофскиот факултет во Скопје (1979), магистрирала на мерење во психологијата на Наставничкиот колеџ (Teachers College) на Универзитетот Колумбиа во Њујорк (1982), а докторирала на тема “Природата на социјалната интелигенција и можностите за нејзино мерење” на одделението за психологија при Филозофскиот факултет во Белград (1989). Има дополнителната едукација од разрешување конфликти, стекната при Меѓународниот центар за соработка и разрешување конфликти при Колумбија Универзитет во Њујорк (1994 и 1998). Вработена е на Филозофскиот факултет во Скопје од 1980 година, а од 1999 година е редовен професор, избрана во областите: Методологија и психометрија и Психологија на мирот.

Проф. Петроска-Бешка е лиценциран психолог и член на Секцијата за психолошки тестови при Комората на психолози на РМ. Автор/коавтор е на психолошки тестови (на пр., Батерија тестови за професионална ориентација) и на адаптации и стандардизации на психолошки тестови (на пр. Векслеров тест за мерење интелигенција на возрасни и адолесценти, тестови за селекција на кандидати за Академија на судии и јавни обвинители).

Добитник е на наградата Distinguished Alumni Award на Наставничкиот колеџ при Унивезитетот Колумбија во Њујорк за 2011 година. Во 2000–2001 година била сениор експерт (senior fellow) во Џенингс Рандолф програмата за меѓународен мир при Американски институт за мир (United States Institute of Peace) во Вашингтон. Член е на меѓународната мрежа Жени во борба за мир од нејзиното основање во 1999 од страна на Hunt Alternatives Fund, Кембриџ и Вашингтон.

Била фацилитатор на летен курс од Базичен практикум во разрешување конфликти, Меѓународен центар за соработка и разрешување конфликти, Универзитет „Колумбија“, Њујорк, САД, во 1998. Била предавач на семинари организирани од страна на Американскиот институт за мир за израелски и палестински наставници (2003 и 2004). Била гостин-предавач на повеќе универзитети во светот: Квинс универзитетот во Белфаст (2013), Американскиот универзитет во Бугарија (2007), Хебрејскиот универзитет во Јерусалим (2004), Универзитетот во Хаифа (2000 и 2002), Џорџ Вашингтон Универзитет во Вашингтон (2001), Универзитетот Колумбија во Њујорк (1997 и 1998); Универзитетот на Масачусетс во Амхерст (1997); Универзитетот на Алстер во Дери/Лондондери (1996). Била учесник во бројни меѓународни панел дискусии, работилници, семинари и конференции посветени на мир и етнички конфликти.

Од 2019 година е главен и одговорен уредник на меѓународното списание „Психологија – наука и практика“ што го издава Институтот за психологија при Филозофскиот факултет.

Истражувачките интереси на Проф. Петроска-Бешка се насочени кон неколку сфери: (1) изработка, стандардизација и адаптација на психолошки тестови, (2) етнички идентитет, етнички стереотипи и предрасуди, меѓуетнички односи, (3) мулти/интеркултурно и инклузивно образование и (4) евалуација на програми/проекти.

Претседател е на Здружението на граѓани „Центар за човекови права и разрешување конфликти“, Скопје. Вклучена во бројни истражувачки проекти на центарот (пр. истражување на стереотипи и предрасуди кај идните наставници, на мултикултурализмот во образованието во РМ, на училиштето како фактор во засилување на етноцентризмот и градењето на етничкиот идентитет на учениците во РМ), како и акциски проекти на центарот насочени кон воведување образование за животни вештини, за детски/човекови права, за разрешување конфликти, за меѓуетничка интеграција, за мулти/интеркултурно образование и др.

Повеќе години соработува со Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието во креирање на образовните политики (пр, стратегија за образование, вреднување на учебници, изведување на вон-наставни активности, евалуацијата и самоевалуацијата на училиштата) и воведување промени во сферата на оценување на учениците.

Била член на содржинскиот тим на образовната телевизиска серија за деца „Наше маало“. Креатор е на концептот на “Мозаик: билингвални (македонско-албански) групи во градинки“.

Го зборува англискиот јазик.

Проф. д–р Виолета Петроска-Бешка изведува настава и вежби по предметите:

На вториот циклус студии:
  • 1

    [ПС1023/18] Методологија со статистика

  • 2

    [ПС2020И/18] Изработка и примена на прашалници

На третиот циклус студии:
  • 1

    [ФЗФ3] Методологија на научно истражувачка работа во психологијата

  • 2

    [ПС101З] Квантитативна методологија

  • 3

    Адаптација и стандардизација на психолошки тестови

  • 4

    Мерење со прашалници и скали на проценка



Библиографија

Petroska-Beshka V. and Kenig N. (2018). Ethnocentric History Textbooks in a Multiethnic Society: The Case of the Republic of Macedonia. In: C. Lichnofsky, E Pandelejmoni & D. Stojanov (Eds.). Myths and Mythical Spaces: Conditions and Challenges for History Textbooks in Albania and South-Eastern Europe, Göttingen: V&R unipress (237-248).

Loader, R., Hughes, J., Petroska Beshka, V. & Tomovska Misoska, A. (2018). Developing Social Cohesion through Schools in Norther Ireland and the Former Yugoslav Republic of Macedonia: A Study of Policy Transfer, Journal on Education in Emergencies, 4 (1) 114-140.Petroska-Beshka V. (2018). Effects of Awareness Raising Activities on Reduction of Prejudice against Refugees. Security Dialogues, 9 (2) 33-45.

Петроска-Бешка В., Кениг Н. и Блажевска-Стоилковска, Б. (2018). Професионална селекција со психолошки тестови во Република Македонија. Психологија: наука и практика, 2 (3) 105-126.

Petroska-Beshka V., Kenig, N. & Blazevska-Stoilkovska, B. (2017). Collectivism and Right-Wing Authoritarianism as predictors of Ethnocentric Attitudes. Security Dialogues, 8 (1-2) 519-532.

Kenig, N., Petroska-Beshka V. & Osmani, S. (2017). Social Trust and Feeling of Security in ethnic Macedonians and ethnic Albanians in the Republic of Macedonia. Security Dialogues, 8 (1-2) 485-502.

Петроска-Бешка В. и Ачковска-Лешковска, Е. (2015). Изработка на Прашалник за мерење на умствениот склоп (ПМУС) кај адолесценти во Република Македонија. Психологија: наука и практика, (1), 9-26.

Петроска-Бешка В. (уредник) (2015). Почитување на различностите и мултикултурализмот во раниот детски развој. Скопје: УНИЦЕФ и Министерство за труд и социјална политика.

Кениг Н., Петроска-Бешка В.и Блажевска-Стоилковска, Б. (2015). Изработка на Прашалник за професионални интересирања (ППИ), Психологија: наука и практика, (1), 67-86.

Кениг Н., Петроска-Бешка В.и Блажевска-Стоилковска, Б. (2014). БИПО: Батерија инструменти за професионална ориентација. Скопје: USAID, Youth Employment Skills Network.

Петроска-Бешка В. (2014). Разрешување конфликти. Скопје: Филозофски факултет.

Петроска-Бешка В. И Кениг, Н. (2011). Како се пишува извештај за спроведено емпириско истражување. Скопје: Филозофски факултет.

Петроска-Бешка В. И Кениг, Н. (2013, 2016 и 2018). Основи на психолошко тестирање. Скопје: Филозофски факултет.

Петроска-Бешка В. (2010). Експериментално истражување на однесувањето. Скопје: Филозофски факултет.

Петроска-Бешка В. (2009). Подготовка за истражување во психологијата. Скопје: Филозофски факултет.

Петроска-Бешка В. и соработници (2009). Студија за мултикултурализмот и меѓуетнничките односи во образованието. Скопје: UNICEF.

Петроска-Бешка В. и Најчевска М. (2009). Барометар за еднакви можности. Скопје: Македонски центар за меѓународна соработка.

Петроска-Бешка В. (2009). Милениумските развојни цели: Постигнување сеопфатно основно образование/Millennium Development Goals: Achieve Universal Primary Education in FYROM. Скопје: UNDP и Влада на Република Македонија.

Петроска-Бешка В. и соработници (2008 и 2009). Образование за животни вештини (прирачници за I-III, IV-VI и VII-IX одделение и за средно образование). Скопје: Биро за развој на образованието.

Petroska-Beska V. & Kenig, N. (2008). The Ethnic Conflict in Macedonia from the Ethnic Macedonians’ Perspective: Being Victims in their Own Country. Во: Ј. Carter, G. Irani & V.D. Volkan (eds.). Regional and Ethnic Conflicts: Perspectives from the Front Lines. New Jersey: Prentice Hall (6-17).

Petroska-Beska V. (2008). Ethnic Dimensions of Inclusion/Профилите на етничката кохезија. In People-Centred Analyses/Граѓански засновани анализи. Скопје: UNDP – март 2008 (51-66).

Петроска-Бешка В. (2007). Оценување со тестови на знаење. Скопје: Филозофски факултет.

Петроска-Бешка В. со соработници (2007). Училиште по мерка на детето: Анализа на појдовната состојба. Скопје: UNICEF.

Петроска-Бешка В. (2006). Меѓуетнички односи/Interethnic Relations. Во Извештај за рано предупредување/Early Warning Report. Скопје: UNDP – март 2006 (29-40).

Петроска-Бешка В. (2006). Меѓуетнички односи/Interethnic Relations. Во Извештај за рано предупредување/Early Warning Report. Скопје: UNDP – јуни 2005 (27-36).

Petroska-Beska V. (2005). Interethnic Relations. In Early Warning Report. Skopje: UNDP – јуни 2005 (27-36).

Петроска-Бешка В и Кениг Н. (2005). Негативните етнички стереотипи како фактор за формирање предрасуди кај идните воспитувачи и одделенски наставници. Во Годишен зборник. Скопје: Филозофски факултет, 87-99.

Petroska-Beska, V. & Najcevska, M. (2004). Understanding History: Preventing Future Conflicts. Washington, DC: United States Institute of Peace.

Петроска-Бешка В. (2004). Посматрањето како истражувачки метод во психологијата. Скопје: Малинска.

Петроска-Бешка В (2004). Фокус групите во методологијата на научното истражување. Зборник 30 години Институт за психологија. Скопје: Филозофски факултет (193-208).

Петроска-Бешка В и Кениг Н. (2002). Сликата за сопствениот и за другиот етникум кај македонските и албанските студенти на Педагошкиот факултет во Скопје. Во Годишен зборник. Скопје: Филозофски факултет, 259-278.

Петроска-Бешка В. (1999). Анкетирање: што, зошто, кој, како. Скопје: Филозофски факултет.

Петроска-Бешка В (1999). Психолозите – едуктори за разрешување конфликти. Зборник 25 години Институт за психологија. Скопје: Филозофски факултет (64-73).

Петроска-Бешка В., Поповски М. и Кениг Н. (1999). Етничките стереотипи кај идните воспитувачи и одделенски наставници. Во Годишен зборник. Скопје: Филозофски факултет,

Najčevska M. & Petroska-Beška V. (1999). Between political Solution and Reality: Inter-ethnic Relations in the Republic of Macedonia. Helsinki Monitor, 3, 8-14.

Petroska-Beška V., Popovski M. & Kenig N. (1998). Ethnic Stereotypes Among Future Pre-School and Primary-School Teachers. Skopje: Faculty of Philosophy, Ethnic Conflict Resolution Project.

Петроска-Бешка В. (1998). Едукација за разрешување конфликти – аспект на новодефинираната цел на воспитанието и образованието. Потег плус, 3, 26-31.

Петроска-Бешка В., (уредник) (1997). Фактори на ризик и психолошка отпорност кај децата бегалци во Македонија и Србија / Risk and Resilience Factors in Refugee Children Flied to Macedonia and Serbia. Скопје: Филозофски факултет.

Петроска-Бешка В., Ќостарова-Унковска Л. и Симовска В. (1997). Фактори на ризик и психолошка отпорност кај децата-бегалци и нивната адаптација во нова средина / Risk and Resilience Factors in Refugee Children and Their Adaptation to the New Environment. Во: Петроска-Бешка В. (уредник) Фактори на ризик и психолошка отпорност кај децата бегалци во Македонија и Србија / Risk and Resilience Factors in Refugee Children Flied to Macedonia and Serbia. Скопје: Филозофски факултет, 1-29.

Petroska-Beška V. (1997). Conflicts: What They Are and How to Resolve Them. Skopje: Faculty of Philosophy.

Петроска-Бешка В. (1997). На што сакаме да ги научиме децата – да се караат или да соработуваат? – Едукација за разрешување конфликти во училиштата. Образование за развој – Списание за применета детска и адолесцентна психологија, I (1), 37-53.

Petroska-Beška V. (1996). Factors that Influence Ethnic Conflicts: Perception, Stereotypes, and Prejudices. Во книгата: Bond J., Beilock R. & Zhelyazkova A. (Ed.) Identity and Community: Lessons from the Balkans and Beyond. Sofia: Association for Contacts and Cooperation & International Center for Minority Studies and Intercultural Relations, 13-17.

Петроска-Бешка В. (1996). Како се пишува извештај за спроведено емпириско истражување. Скопје: Малинска.

Петроска-Бешка В. (1996). Кооперативно разрешување конфликти. Во зборникот: Помагање во кризни состојби. Скопје: Македонски црвен крст и Швајцарска хуманитарна организација за помош во катастрофи, 65-68.

Petroska-Beška V. & Fraenkel E. (1996). Preventive Interethnic Conflict Action in Macedonia. Во зборникот: Educating for Human Rights: From Vision to Reality. Lillehammer, Norway: 2nd European Education for Peace Congress, 26-30 July 1996, 115-122.

Petroska-Beška V. (1996). NGOs, Early Warning, and Preventive Action: Macedonia. Во книгата: R. I. Rotberg (Ed.) Vigilance and Vengeance. Washington: Brookings Institution Press., 133-144.

Петроска-Бешка В. (1995). Конфликти: Што претставуваат и како се разрешуваат / Konfliktet: Ç’janë ato dhe si zgjidhjen. Скопје: Филозофски факултет.

Петроска-Бешка В. (1995). Мултикултурното образование и етничките конфликти. Социолошка ревија, 1, 173-181.

Биро М., Петроска-Бешка В., Станиħ Т., Ђуровиħ Д. и Мајсторовиħ Н.(1995) Психопатолошке карактеристике деце избеглица у колективном и ванколективном смештају. Психологија, 1-2, 173-186.

Petroska-Beška V. & Ćostarova-Unkovska L. (1995). Measurement of Post-Traumatic Stress Disorder Symptoms in Children. Merenja u psihologiji, 1, 187-209.

Петроска-Бешка В. (1994). Методологија на експерименталните истражувања во психологијата. Скопје: Малинска.

Петроска-Бешка В. (1993). Проценети особини на личноста на актуелниот и идеалниот добар ученик. Просветно дело, 5, 15-28.

Петроска-Бешка В. и Кениг Н. (1993). Црти на личноста и механизми на одбрана на студентите од Скопскиот универзитет. Просветно дело, (1), 16-35.

Петроска-Бешка В. (1993). Изработка и примена на објективни тестови на знаење. Скопје: Малинска,

Петроска-Бешка В. (1992). Истражувачка етика во општествените науки. Просветно дело, (4), 16-32.

Петроска-Бешка В. (1992). Лаички и психолошки експлицитни концепции за интелигенцијата. Во зборникот: Социјализација. Битола: Друштво на психолози.

Petroska-Beška V., Ćostarova-Unkovska L. & Simovska V. (1991). Uloga kreativnosti u profesionalnoj samoorientaciji budućih arhitekata. Primijenjena psihologija, 12 (1-2) 21-25.

Petroska-Beška V. (1990). Istraživanje prirode socijalne inteligencije. Psihologija, 23 (1-2), 80-103.

Петроска-Бешка В., Стојановски З., Николоски Т. и Ќостарова-Унковска Л. (1989). ВИТИМ: Векслеров тест на интелигенција за македонска популација. Скопје: Сојуз на друштвата на психолози од СР Македонија.

Petroska-Beška V. (1989). Shvatanja o prirodi socijalne inteligencije. Psihologija, 22 (3-4), 100-117.

Стојановски З., Петроска-Бешка В. и Арнаудова В. (1989). Актуелни прашања на идентификацијата на надарените деца и младинци. Во Откривање, развој и вработување на надарените деца и младинци: зборник на трудови. Скопје: Републички завод за унапредување на образованието и воспитувањето.

Петроска-Бешка В. и Поповски М. (1989). Изработка и примена на Скала за испитување на ставот спрема рамноправноста помеѓу жените и мажите. Просветно дело, (2), 67-76.

Petroska-Beška V. (1989). Kulturalna nepristrasnost testova bihevioralne kognicije. Primijenjena psihologija, 10, 135-139.

Петроска-Бешка В. (1988). Мерење на социјалната интелигенција. Во Психологијата и општеството: зборник на материјали од Првата научно-стручна средба на психолозите од СРМ во Битола, 229-238.

Петроска-Бешка В. и Петроска Е. (1988). Истражување на ставот кон македонскиот литературен јазик. Во Зборник на трудови од Југословенските психолингвистички средби ’87, Скопје, 1988, 234-240.

Петроска-Бешка В. (1987). Термини од психологија – психометрија. Билтен на одборот за изработување на македонска терминологија бр. 58, Скопје: Македонска академија на науките и уметностите.

Petroska-Beška V. (1987). Implicitno shvatanje o inteligenciji. Primijenjena psihologija, 8, 67-72.

Петроска-Бешка В. (1986). Сфаќање за социјалната интелигенција како аспект на интелигенцијата. Просветно дело, (3-4), 115-122.

Петроска-Бешка В. (1985). Диференцијално пондерирање кај тестовите од типот повеќечлен избор. Во Годишен зборник, Скопје: Филозофски факултет, 171-190.

Петроска-Бешка В. и Поповски М. (1984). Квантитативно споредување на ставовите на младите спрема рамноправноста меѓу половите. Просветно дело, (9-10), 33-39.

Петроска-Бешка В. (1984). Тестирање на увереноста во точноста на избраните одговори кај тестовите од типот повеќечлен избор. Во Годишен зборник. Скопје: Филозофски факултет, 154-183.

Petroska-Beška V. (1984). Neki problemi rada psihologa sa psihološkim mernim instrumentima u Makedoniji. In Zbornik referata Prvog jugoslovenskog savetovanja o psihološkim mernim instrumentima. Zagreb, 50-51.

Петроска-Бешка В. (1983). Есејските тестови кака средство за оценување на знаењата на учениците. Просветно дело, (9-10), 42-56.

Петроска-Бешка В. (1983). Сличности и разлики меѓу тестовите на знаење и тестовите на способности. Просветно дело, (5-6), 30-36.

Петроска-Бешка В. (1983). IQ-тестовите на интелигенција и училишната практика. Просветно дело, (1-2), 29-37.

Petroska-Beška V. & Koliševska K. (1987). Neki stavovi studenata Pedagoške akademije o odnosima među polovima. In Zbornik savetovanja o uključivanju sadržaja o humanizaciji među polovima u programe pedagoško-psiholoških disciplina za obrazovanje pedagoga, psihologa i nastavnika, Ilidža, 308-313.